Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за неодолив чоколаден мус од само три состојки

Реклама

Секогаш е добра идеја да испробате нешто ново и сосема поинакво, а овој рецепт ќе ве потсети зошто едноставноста секогаш е добра идеја.

Деновите може да ви бидат уште послатки со овој едноставен рецепт кој ќе го подготвите многу брзо и лесно.

Маркетинг

Потребни состојки:

  • 200 грама темно чоколадо
  • 2 јајца, одвоени белките од жолчките
  • 150 милилитри слатка павлака

По желба додадете и:

  • Малку сол
  • Цимет
  • Ванила
  • Некој сладок алкохол

Начин на подоготовка: 

1.Растопете го чоколадото на пареа, а откако ќе се стопи, ставете ги двете жолчки и мешајте додека смесата не стане густа и сјајна.

Маркетинг

2. Отстранете го садот од пареа.

3. Измешајте ги белките посебно, па потоа додајте ги во стопеното чоколадо.

4. Во посебен сад измешајте ја и слатката павлака, па потоа додајте ја во смесата со чоколадото.

5. Нежно мешајте и откако ќе бидете готови, ставете ја смесата во мали садови и оставете ги во фрижидер добро да се оладат.

6. Послужете декорирано со чоколадо или нешто по ваша желба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button