Реклама
Рецепти

Фит рецепт: Диетален намаз од авокадо

Реклама

Aвокадото е многу здраво, но за жал многу луѓе го избегнуваат бидејќи едноставно не знаат во какви комбинации да го консумираат.

Маркетинг

Овде ви даваме еден едноставен рецепт за намаз од авокадо кој можете да го јадете со двопек или крекери.

Авокадото ја поттикнува регенерацијата на организмот, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и одлично делува против срцеви заболувања. Има најголема содржина на протеини од сите овошки, богао е со калиум и витамин Е, а содржи и витамин Ц, витамин Б6 и лутеин. Содржи голем процент на незаситени масни киселини кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, го намалуваат ризикот од карцином, срцеви заболувања и дијабетес.
Исто така, авокадото содржи и низа минерали како бакар, калциум и магнезиум.

Маркетинг

Енергетската вредност на 100 грама свежо авокадо изнесува 160 kcal / 669 kJ, од кои 2% протеини, 14,6% масти и 8,5% јаглехидрати, од кои 6,7 g диетални влакна и 0,6 g шеќер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
 
– 1 авокадо
– 3 лажици сок од лимон
– 30 грама пињоли
– 100 гр. свежо сирење
– малку бибер
 
ПОДГОТОВКА:
 
Излупете го авокадото, извадете ја семката, исечете го на коцки, и сипете 1 лажица сок од лимон врз него. Иситнете ги пињолите во сечко заедно со авокадото и сирењето и потоа додадете го преостанатиот сок од лимон и биберот. Убаво измешајте и оставете да се олади.
Можете да послужите со крекери или двопек, или едноставно да го намачкате на леб.
 
Извор: Fit-team

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button