Како да носиме цветен фустан и да изгледаме гламурозно и секси
Цветен фустан кој ќе ве остави без зборови!
Ѕвездата од серијалот 50 shades of grey на ревијата на Gucci се појави во фантастичен цветен фустан со кој ни одржа лекција како истовремено да изгледаме опуштено и гламурозно во моделите на генијалниот Алесандро Мишел. Нејзината тајна најпрво се крие во лежерниот крој на долгиот фустан кој е со отворен грб и широко отворено деколте.
Тука се и шарените рамни папучи, како и чантата во впечатлива розова боја која исто така е со интересен дезен со логото на брендот, но и ретро фризурата од 60-тите и 70-тите која како да е создадена за оваа комбинација.
Кога ќе ја погледнете од глава до пети оваа комбинација е совршена за летните месеци, како за дневни настани, така и за вечерни изданија кога температурите се високи, а ние расположени за добра и луда забава.
И ние ги обожаваме – ова се омилените рамни обувки на актерката од 50 нијанси на сиво >>
Што мислите вие?