Реклама
Секс

5 работи кои можат да ја убијат и најсилната љубов!

Реклама

Навидум совршената врска не е секогаш таква каква што ви се чини.

 ljubov

Навидум совршената врска не е секогаш таква каква што ви се чини. Сигурно сте биле сведок на тоа како се распаѓаат врските, дури и кога парот се сакал неизмерно. Постојат пет показатели кои најавуваат дека вашата врска ќе се распадне, колку и да била силна љубовта помеѓу вас.

Маркетинг

Постојани кавги

Не е нормално никогаш да не се карате и да се сложувате буквално во сѐ. Не само што се неизбежни, туку кавгите се и пожелни за развој на вашата врска. Но, доколку се неосновани и секојдневни, тоа би било знак сериозно да размислите дали партнерот со кој сте е навистина правиот избор.

Маркетинг

 

Љубомората не е љубов

Често може да се слушне дека колку повеќе љубомора има во една врска, толку љубовта е посилна. Но, во реалноста тоа не е така. Љубомората е деструктивна и мора да се држи под контрола. Таа не може да донесе ништо добро.

Оддалеченост

Можеби ќе ве разочараме, но ситуацијата кога саканата личност е во друг град или држава (поради работа или факултет), најчесто е штетна за врската. Ако не постои визија за иднината или заедничка цел, тогаш најверојатно врската нема да успее. Убаво велат постарите: Далеку од очите, далеку од срцето.

ljubov

Постојано се сомневате во своите избори

Секоја врска има моменти на слабост, сомневање и мани… Но, во здравите врски времето секогаш помага да се премине преку овие сомнежи и стравови. Колку подолго сте заедно, толку помалку има простор за анксиозност. Ако постојано се сомневате, тоа би можело да биде знак дека нешто недостига во вашата врска.

Имате цели кои не ви се совпаѓаат

Иако се вели дека спротивностите се привлечуваат, многу често тоа и н е така.

Вашата врска можеби била совршена додека и двајцата сте студирале на ист факултет, но кога сте почнале различни кариери, сте поминувале сѐ помалку време заедно и тогаш сте се „изладиле“ еден од друго. Секако, не е можно да најдете некој со кој ќе целосно ќе ви се совпаѓаат приоритетите, но ако вашите цели и планови воопшто не одговараат на оние на вашиот партнер, тогаш нема што да барате заедно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button