Реклама
Кафе муабет

Го завршив пријателството, но собрав сила и простив сé

Реклама

„Не осудувај“ и простувај имало моменти кога и не сум била толку расположена за простување.

prostuvanje1

Личност со која бев скарана преку две години, ме контактираше од никаде-некаде и ме замоли за услуга. Услугата, којашто вклучуваше да ја одвезам на аеродром, не беше голема. Сепак, не ми се веруваше дека оваа личност има храброст да ми се обрати, особено земајќи го предвид нашето последно сретнување.

Маркетинг

Во суштина, од причини кои се уште не ми се познати, ние се скаравме за глупост, која потоа се претвори во голема работа и на кај заврши со многу ужасен мејл од личноста и тоа беше  тоа. Тука прекина нашата комуникација, се до оваа неодамнешна молба.

Мојот одговор беше краток и јасен: „НЕ и не се обидувај повторно да контактираш со мене.“
Неколку пати кажав дека ова веројатно значи дека не сум личност која простува.

Маркетинг

Но, колку повеќе мислев на тоа, толку повеќе сфаќав дека јас во суштина и простив на оваа личност. Го имав направено тоа уште пред извесен период. Не сакав да и наштетам, ниту пак ликував на фактот дека таа беше таа која ме контактира молејќи ме за услуга. На кратко, иако не и посакував ништо лошо на оваа личност, јас не сакам истата да биде во мојот живот.

Понекогаш мислам дека луѓето го забораваат ова.

Простувањето значи да престанеш да бидеш лут или огорчен кон некого. Не значи дека мора да ги сакаме или да ни се допаѓаат. Не значи дека треба да им правиме услуги. Искрено, сакам да им правам услуги на луѓето коишто ги сакам и за коишто се грижам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button