Реклама
Шопинг

Еве каде пронајдовме многу поприфатлива верзија од патиките што се хит во целиот свет

Реклама

Многу поевтина верзија на хит моделот од „Balenciaga“.

Оваа сезона вистински хит се високите патики од „Balenciaga“ – Speed Runner Stretch-Knit. Моделот потсетува на црни чорапи со бел ѓон, и иако на прв поглед овие патики не изгледаат дека можат да бидат меѓу најпопуларните, овој (пре)скап примерок токму тоа и го постигна. Минималистичкиот дизајн со потписот на еден од најпознатите дизајнерски брендови е само еден од моделите што потсетуваат на чорапи, а кои луксузните модни куќи ги позајмија од познатите спортски брендови како што се „Nike“ и „adidas“ кои со години ја развиваа технологијата која е идеална за спортистите. Овој тренд сега од спортските терени се пресели во колекциите на луксузните брендови, а не требаше многу да чекаме истиот да завладее и на полиците кај познатите хај-стрит брендови.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BcSakakhOdc/

Па така една од последните верзии на овој хит модел пристигна и во продавниците на Зара и тоа со многу поприфатлива цена од онаа на „Balenciaga“. Во однос на моделот од познатиот бренд кој што неодамна го престави креативниот директор Демна Гвасалија и за кој е потребно да издвоите 455 фунти (на „Net-A-Porter“), моделот од „Zara“, што го има во машка и женска верзија, може да се најде за само 2990 денари. Па ако сакате да скокнете во трендот „патики-чорапи“, веруваме дека ова ќе ви ја олесни работата.

Маркетинг

Balenciaga (Net-A-Porter, 455 funti)

Zara 3,990.00

Zara 2,990.00

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button