Иако не е важно кога и каде се води љубов, утринскиот секс има свои предности и може да биде навистина посебно искуство.
Иако не е важно кога и каде се води љубов, утринскиот секс има свои предности и може да биде навистина посебно искуство. Освен тоа, не е сеедно како ќе го започнете денот, а на овој начин сигурно ќе го започнете добро.
Брзо ќе ве разбуди
Наутро човекот е свеж и одморен, за разлика од вечерните часови, посебно за време на работните денови. Освен тоа, на овој начин ќе ја забрзате циркулацијата и будењето.
Ќе имате подобар ден
Утринскиот оргазам дефинитивно ќе ви го подобри расположението и целиот ден. Ако утрото ви почне добро, тогаш добар би требало да биде и остатокот од денот, затоа што вие ќе зрачите со позитивна енергија.
Целосно опуштање
Кога доаѓа слободен викенд, нема ништо поубаво од часови опуштање во кревет после страстен секс. Тоа им помага на паровите и дополнително да ја зацврстат својата поврзаност.
Ако тој ги прави овие 5 работи, бидете уверени дека сексот ќе ви биде вистинска катастрофа >>
Ќе се чувствувате секси преку целиот ден
Иако можеби нема да бидете којзнае како облечени, ниту пак ќе имате шминка, сепак, лицето ќе ви го краси насмевка која позитивно ќе влијае на другите луѓе и атмосферата. Вие ќе бидете преполни со сератонин, хормонот на среќата.
Креативност и продуктивност
Утринскиот секс е лек за продуктивност, затоа што кога човек е среќен и задоволен, автоматски работи подобро и побрзо.
Појадокот ќе ви биде уште повкусен
Откако со утринскиот секс ќе ја зголемете циркулацијата и ќе се размрдате, телото особено ќе ужива во појадокот затоа што ќе му треба дополнителна доза енергија. Сепак, потсетете се дека појадокот е најважниот оброк во денот.
Ве загрижува малиот пенис? Овие три пози ви гарантираат оргазам, без оглед на големината >>