Најубавото чувство во вас се буди кога од саканата личност ќе слушнете „Те сакам“.
Најубавото чувство во вас се буди кога од саканата личност ќе слушнете „Те сакам“. Честопати овие зборови лесно се изговараат и претходно личноста не размислува за тоа дали чувствата навистина се толку силни, искрени и сериозни. Доколку не сте сигурни во своите чувства, најдобро би било себеси да си одговорите на овие пет прашања:
1. Дали во вашата врска сѐ се заснова на секс?
Секако дека силната хемија во спалната соба е посакувана и во здравата љубовна врска, но опсесијата со сексот зборува за тоа дека тука повеќе станува збор за страст, а не за искрена љубов. Така, после одреден период ќе си станете здодевни еден со друг.
2. Постојат ли тајни во вашата врска?
Во вистинската и искрена љубовна врска партнерите немаат потреба нешто да сокриваат ниту да се ограничуваат. Ако некој го сокрива своето вистинско лице, тогаш таквата врска е осудена на пропаст и нема смисла да велите „Те сакам“.
3. Владее ли помеѓу вас искрено и трајно пријателство?
Ако е така, тогаш вие сте на добар пат да изградите сериозна љубовна врска. Односот кој не се темели на длабоко пријателство, нема да трае долно.
4. Дали често сте љубоморни?
Во вистинската љубовна врска партнерите се веруваат еден на друг и тука нема место за љубомора. Ако сепак таа се појави, тоа покажува како помеѓу вас не постои доверба, а без тоа нема ни сериозна љубовна врска.
5. Очекувате ли совршенство од вашиот партнер?
Личностите кои очекуваат од својот партнер тој да биде совршен, тие го немаат прифатено онаков како што е. Таквото однесување допринесува и покажува дека партнерот не им е онаков како што си го замислувале. Па, ако очекувате совршенство, подобро не изјавувајте љубов затоа што таа врска нема среќна иднина.