Дури и сосема малку да го познавате светот на уличната мода, сигурно веќе знаете дека не постои таков недостаток или мана што може да го загрози изгледот на жените со самодоверба и изграден личен стил.
Но, ако нешто навистина недостасува во целата таа приказна тогаш тоа е поголемата афирмација и должно внимание на плус-сајз блогерките кои наметнуваат нови правила во модната игра и кои навистина знаат како да го прават тоа. На овие девојки и жени би сакале да се задржиме и да им посветиме поголемо внимание во иднина.
Зошто? Па затоа што ова лето плус-сајз девојките се поорганизирани од кога било досега и креваат се поголема прашина во светот на модата, така што тука дефинитивно не станува збро само за тренд, туку за нешто многу покрупно. Од друга страна, постојат дузина плус-сајз модни блогерки чиј стил би ги воодушевил и оние со најспецифичен вкус за мода, а дека тоа е така можете да видите и од галеријата подолу.
Но, пред да ви ги покажаме нивните најубави летни комбинации, дозволете најпрво да ви претставиме некои од најпознатите плус-сајз блогерки на светот.
види повеќе » |