Реклама
Кафе муабет

Големо БРАВО за оваа мама – ја напушти сигурната работа во банка и ја отвори првата продавница за кнедли на целиот Балкан

Реклама

Оваа млада мама работата во банка не ја исполнуваше па реши да направи храбар и ризичен чекор – отвори продавница за кнедли!

Лана Недељковиќ има 35 години и е мајка на три деца.

Маркетинг

Таа живее во Белград и е дипломиран инженер на информациони системи. Пред една година работеше во банка но во еден момент реши да ја напушти работата и да почне да заработува пари на креативен начин – со правење кнедли!

Маркетинг

Лана до оваа идеја дојде во 2014 година, а само две години подоцна ја отвори првата продавница за кнедли „Фердинанд кнедли“ во Белград. Неодамна отвори и втор локал во центарот на српската престолнина. Инаку, Лана, пред да почне да се занимава со овој бизнис 10 години работеше во банка. Таа за еден српски магазин вели дека подготовката за ваков чекор воопшто не била лесна и барала голем труд, но имала целосна поддршка од сопругот и децата. Тие ја поддржале во намерата да ја напушти работата и да се посвети на сопствениот бизнис, односно да ја отвори првата продавница за кнедли во Белград. „На почетокот беше тешко. Моравме да штедиме. Понекогаш се откажувавме од летување и зимување, а ги намалувавме и останатите трошоци, но на крај се исплатеше“ вели таа и додава дека клучот на успехот е љубовта во професијата, но и храброста. Според неа луѓето се полни со идеи, но повеќето немаат храброст да ги реализираат. Тоа очигледно не е случај и со неа, бидејќи ја обожава својата работа и останува упорна во намерата да направи бренд и покрај двата локала да отвори и други.

Кликни тука и скокни во Фердинанд кнедли >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button