Реклама
Новости

Почина познатиот актер што сите го сакавме – ова е последната фотографија што ја објави на Инстаграм

Еден од омилените актери од популарната американска серија „Пријатели“ се удави во својот дом!

Реклама

Како што неофицијално пренесуваат медиумите, Метју Пери, почина во кадата во неговиот дом во Лос Анџелес.

Познатиот американски актер Метју Пери (54), познат по улогата на Чендлер Бинг во светски популарната серија „Пријатели“, пронајден е мртов во својот дом во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

„Многу сме потресени заради смртта на нашиот пријател Метју Пери. Тој беше неверојатно талентиран актер. Неговото влијание на комичарски гениј се почувствува низ целиот свет, а неговата заоставштина ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден кога на сите ни се скршени срцата. Им испраќаме љубов на неговото семејство, на саканите, и на неговите обожватели“, соопштија од компанијата „Варнер Брос телевисион“, која што беше продуцент на серијата „Пријатели“ со која што Метју се прослави.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Според Лос Анџелес Тајмс, каде приказната најпрво беше објавена, Пери најверојатно се удавил во својата када.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Полицијата пристигнала во неговиот дом во 4 часот поручек и го пронашло безживотното тело на актерот.

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Нема знаци за насилна смрт, истрагата е во ток, и за сега не е издадено официјално соопштение за причината за смртта.

Пери беше најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијата Пријатели која траеше 10 сезони, од 1994 до 2004 година.

Во оваа серија Пери глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Лиса Кудрои и Дејвид Швимер.

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Пери во текот на својата кариера се бореше со зависност од лекови и повеќе пати престојуваше на клиниките за рехабилитација.

Во неговите мемоари „Пријатели, љубовници и голема страшна работа“, Пери опиша како поминал низ 65 детоксикација и потрошил околу девет милиони долари во своите обиди да се отрезни. Тој исто така имаше и здравствени проблеми, вклучувајќи пукање на дебелото црево во 2018 година заради употреба на д*ога, заради што имаше седумчасовна операција и месец дена носеше кесе за колостомија по операцијата.

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

По ова Пери ја напиша книгата Требаше да бидам мртов“

Последната фотографија на Метју

По ненадејната смрт на познатиот холивудски актер, Њујорк пост ја пренесе неговата последна објавена фотографија на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

На фотографијата тој ужива во базенот во својот дом, а на главата има слушалки – објавена е на 23 октомври.

Истиот ден објави и фотографија од полна месечина и во коментарите објасни дека тој е „Метмен“, референца на „Бетмен“.

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

„Дали разбирате што се обидувам да ви кажам? Јас сум Метмен“, напиша Метју на својата последна објавена фотографија.

Пет дена по овие објави тој е пронајден во неговиот дом. Се претпоставува дека починал така што се удавил во своето џакузи, а според извори на американските медиуми на лице место не е пронајдена д*ога и не се сомнева на насилна смрт.

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Фото: Инстаграм/ Метју Пери

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button