Реклама
Секс

Освежете ја вашата љубов: Со помош на овие совети ќе се чувствувате како на почетокот на врската

Реклама

Ако искрите помеѓу вас малку се изгаснеле, има неколку начини на кои можете да ги вратите.

 1 romantika

Ако искрите помеѓу вас малку се изгаснеле, има неколку начини на кои можете да ги вратите. Секоја врска има подеми и падови, а тоа не значи дека треба да ги дигнете рацете и да се откажете. Баш спротивно, тоа е вистинскиот момент да поработите на својата врска и повторно да ја оживеете љубовта помеѓу вас.

Маркетинг

Допирајте се почесто

Физичкиот допир е многу важен фактор за воспоставување блискост. Почестото допирање од вообичаено може да ви помогне повторно да ги разгорите искрите во вашата врска. Секако, тоа не значи дека треба да претерувате.

Маркетинг

Планирајте го заедничкото време

Не треба да мислите дека романтиката настанува сама по себе. Како и за повеќето работи во животот, така и за добрата врска треба да вложите повеќе работа и труд. Затоа, потрудете се да одвоите доволно време за да поминете со вашиот партнер и да испланирате заеднички активности кои ве исполнуваат и двајцата.

Испланирајте романтично патување

Не треба да ја потценувате силата на патувањето и заедничкиот одмор. Одморот е само за вас двајцата и сигурно ќе ви помогне да го зајакнете меѓусебниот однос и да ја оживеете романтиката. Не е важно дали се работи за егзотично патување од соништата или патување за викенд, туку важно е да се оддалечете од секојдневните случувања и да уживате во заедничкото друштво.

Делете си комплименти

За да преживее романтиката, важно е да си давате комплименти еден на друг, а и да си зборувате кои работи ги обожавате. Токму кога ви се чини дека вашата врска стагнира, потсетете се што е она што ве натерало да се заљубите во вашиот партнер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button