Диети

Општи правила на Дукан диетата

Реклама
Реклама

Дукан диетата ја има смислено Др. Пијер Дукан и истата ги објаснува основните принципи во четири фази.

2dukan1

Маркетинг

Оваа диета вели дека нашата големина е одредена според бројот на масните станици (адипоцити) со кои сме родени. Колку повеќе ги имаме, толку поголема е можноста за добивање на вишок килограми (жените нажалост ги имаат повеќе од мажите).

Како што тврди Др. Пијер Дукан, проблемот е во тоа што кога со лошите прехранбени навики се добијат вишок килограми, адипоцитите исто така го зголемуваат обемот. Доколку се продолжи со истите животни навики, тие доаѓаат во состојба на хипертрофија и ја губат својата еластичност. Во тој критичен момент, ако продолжите да си терате по ’свое‘, секоја адипоцит ќе се подели на нова станица и ќе продолжи да ни ја зголемува телесната маса. Тоа исто така го отежнува и слабеењето, затоа што секоја нова станица веќе никогаш нема да стане една.

Работејќи со илјадници пациенти, Др. Дукан верува дека критичната точка настанува кога индексот на телесна маса ќе отиде повисоко од 28, што ја отежнува контролата на тежината и слабеењето. Но, после 10 години пракса во Франција, Дукан диетата се има покажано како делотворна кај предебелите луѓе, како и кај оние кои сакаат да се решат само од малиот вишок на несакани килограми.

Маркетинг

Во минатиот прилог ги објаснивме четирите фаза на Дукан диетата. Тоа се фазата на напад, фаза на измена, фаза на консолидација и фаза на стабилизација. Затоа овој пат ние ќе ви ги опишеме општите правила на Дукан диетата:

2dukan4

Фаза на напад:

1. Во текот на оваа фаза на напад или исклучиво протеинска фаза, не смеете да консумирате ништо што не е наведено на следнава листа.

2. Говедско со ниско ниво на масти, телешко и заечко, никако свинско или јагнешко! Месото јадете го печено или варено без масло.

3. Јадете го целото пилешко (или пак мисирка), но оттргнете ја кожата, избегнувајте го крилцата бидејќи содржат премногу масти и холестерол.

4. Може шунка, но ако не е мрсна. Најдобро е салама од пилешко и мисиркино месо, со поголемо учество на протеини.

5. Секоја риба е дозволена, свежа, замрзната или конзервирана (но не во масло или сос кој содржи масти), како и останатите морски плодови како школки.

6. По 2 јајца на ден. Нека бидат варени. Консумирајте 3 до 4 жолчки неделно ако имате висок холестерол, а белките може да се јадат без ограничување.

7. Млечни производи со ниско ниво на масти како јогурт, свежо сирење и одбрано млеко.

8. Вештачки засладувачи или природни, како и оцет, зачини,  лук, гума за жвакање без шеќер, се исто така дозволени.

2dukan2

Дополнителни правила:

Пијте 1.5 литри вода на ден како би сте се чувствувале сити. Чај и кафе се дозволени, но без шеќер. Консумирајте  една и половина лажички зобни снегулки дневно, што исто така помага за чувството на ситост и дава енергија.  Одете 20 минути дневно (ова е задолжително). Избегнувајте масло, масти и путер.

Фаза на измена:

Фазата на измена, како што веќе наведовме, го вклучува денот кога консумирате само протеини, со денот кога протеините ги додавате на зеленчукот, во неограничени количини.

Дополнителни правила:

Можете освен промената протеини и протеини/зеленчук, пет дена да јадете само протеини, а пет протеини со зеленчук, ако така повеќе ви одговара. Зголемете го износот на зобни снегулки на 2 лажички. Зголемете ја физичката активност на 30 минути брзо одење дневно. Продолжете да пиете 1,5 литри вода дневно. Типичен ден со протеини и зеленчук.

2dukan3

Појадок: Кафе или чај, или два мали јогурти со ниско ниво на масти или 225 грама свежо сирење или едно парче мисиркино, пилешко, немасна шунка или едно варено јајце.

Ужина: 1 мал јогурти со ниско ниво на масти или 115 грама свежо сирење.

Ручек: Печурки со зеленчук, туна, пилешко, мисиркино по избор.

Ужина: Палачинки од интегрално брашно со парче шунка или димен лосос.

Вечера: Супа од зеленчук, говедско со зеленчук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button