И на Вељко НЕ му е лесно: Сека Алексиќ откри каков однос има со својата свекрва

Ни на Вељко не му е лесно кога ќе се најде сред разговор помеѓу својата мајка и сопругата кога се разговара на тема „кој подобро готви“.

Имено, познатата пејачка Сека Алексиќ неодамна го прокоментира односот со својата свекрва и раскажа како се однесува кога нејзиниот сопруг ќе спомене дека неговата мајка е подобра во нешто од неа. „Мојот сопруг не јаде ништо друго освен она што ќе му го спремам јас. Мислам дека така е навикнат, неговата мајка готви убаво и навикнат е да јаде убава храна, па имаше среќа и да се ожени со жена која знае да готви“, вели Сека за српскиот Блиц и додава:

ADVERTISEMENT

🙏🏻 #sekaaleksic

A post shared by Seka Aleksić | Artist (@seka_aleksic) on

 

„Вељко понекогаш ќе каже дека неговата мајка знае да готви најубаво на светот, но јас тогаш ќе застанам пред него и ќе го погледнам чудно, а тој ќе дојде и ќе ми каже дека морал така да се изрази поради мајка му. Потоа ќе отиде кај неа и ќе и каже дека морал заради мене… Секако, свекрвата се смее, нејзе тоа и е интересно“, вели познатата пејачка.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed