Познатата американска актерка и поранешна ТВ водителка Џејми Чунг во последно време ги полни магазините и порталите и со нејзините преубави модни комбинации и не ретко ја претставуваат како вистинска модна икона.
Познатата трендсетерка оваа година ќе се појави во дури шест филмови, а нејзините лесни и лежерни комбинации се вистинска инспирација за жените ширум светот.
Со нејзиниот стил на облекување, покрај успешната кариера како актерка, таа гради кариера и на модна икона, особено затоа што е постојано присутна на сите јавни случувања на кои секогаш ги воодушевува сите со нејзините комбинации.
Таа ги сака класичните кроеви, но и играта со боите и парчињата кои се неверојатно софистицирани, па од тука многумина ја споредуваат и со иконата на стилот Оливија Палермо. Погледнете некои од нејзините најубави комбинации и обидете се да ја пронајдете вашата инспирација за следниот период.
отвори галерија » |