Реклама
Секс

Неколку нешта што ги сака тој, а вие би требало да ги знаете

Реклама

Понекогаш она што го мислиме ние, како претставнички на понежниот пол, и она што го мислат ТИЕ се две толку спротивни работи, и покрај тоа што се работи за НЕШТО за кое што сите сме крајно заинтересирани.

Маркетинг

Но, тоа е нешто што постојано се случува и воопшто не треба да ве загрижува доколку со вашиот партнер често се наоѓате во некоја таква „неразбирлива“ ситуација. Но за да побрзо го премостите тој „јаз“ помеѓу вас, кој понекогаш се појавува токму во моментите кога ви е најубаво (т.е. кога водите љубов!), најдобро е да ги знаете оние нешта кои што ТИЕ најмногу ги сакаат кога е сексот во прашање, а за кои навистина им е тешко да ви ги кажат. Во крајна линија многу од овие работи се исти за сите претставници на посилниот пол, па доколку нешто од ова примените во вашиот сексуален живот, тогаш бидете сигурни дека ќе ви биде подобро и на двајцата. Но, да почнеме по ред:

Маркетинг

 Момците понекогаш сакаат кога сте лоша 

 

Некои претставници на посилниот пол сакаат кога ќе ја завлечете вашата дланка во неговата коса и кога ќе го повлечете, онака, малку погрубо од вообичаеното. Во таков случај вие му ја пренесувате пораката дека со вас нема шега и дека се наоѓа „тука и сега“ токму и само затоа што вие така сакате да биде. Направете го тоа понекогаш и потоа продолжете онаму каде што сте застанале, со еден малку поинаков ритам! :)

 Да, вашето момче навистина сака да пробате анален секс 

Повеќето момци сакаат анален секс, но ретки се оние што тоа би и го кажале на својата сакана во лице. Најверојатно таквите се уште и не пробале.., но доколку и вие сакате да го почувствувате тоа задоволство, тогаш воопшто не срамете се тоа да му го кажете. На крајот на краиштата, тој, цел живот ќе ви биде благодарен заради тоа!

 Загрижени се околу големината 

Вие можеби не сте толку загрижена за неговата големина, бидејќи, сепак, тој ги задоволува вашите апетити, но верувајте тие понекогаш можат да бидат во погрешен филм во врска со ова. Затоа би биле вистински ангел во неговите очи доколку понекогаш му речете дека сето она што тој го прави во сексот е чудесно, дека сексот со него ви е преубав и дека никогаш до сега не сте пробале нешто слично. Обидете се да бидете што е можно поубедлива, а како резултат на ова ќе добиете момче коешто уште повеќе ќе се труди да ги задоволи вашите желби и страсти во креветот.

 Тие сакаат кога сте задоволна од вашето телото 

Момците навистина НЕ сакаат кога вие постојано се „шетате“ со вашиот градник, бидејќи се срамите од вашите гради. Па тие ги сакаат големи, мали, секакви.. особено во моментите кога треба да ги добијат како награда за сработеното. Затоа обидете се секогаш да бидете задоволна од вашиот изглед, без разлика што можеби треба да направите некоја корекција, и тоа само со помош на физички вежби…

 И тие сакаат комплименти 

Секако дека ви е убаво кога некој претставник на посилниот пол ќе ви рече колку сте убава, но дали вие тоа понекогаш му го кажувате нему. Па, да, и тие понекогаш сакаат да слушнат комплименти за нив и пред се, за нивното секси тело. Речете му, онака додека се галите во креветот, или пак, во ситуација кога тој е над вас, а веќе сте го разврзале „муабетот“, дека навистина е згоден и дека ве пали неговото жешко тело. Едноставно, тоа може да биде само ставање на масло во огинот кој ќе ве однесе многу побрзо до големото О.

 Не им е само еротската долна облека – секси! 

 

И да бидете облечена само во маичка и без гаќички, тие повторно ќе бидат луди по вас, можеби и повеќе отколку кога носите некои од оние ваши гаќички со тантела. Таков „впечаток“ можете да оставите дури и кога носите некои шорцеви, кошула па и кога НЕ носите ништо. Едноставно, зборот секси, онака во неговата „вулгарна“ форма, нема никаква врска со еротската долна облека. Станува збор за нешто многу покомплексно во кое секогаш вие и вашиот „шарм“ сте на прво место!

Мажите сакаат кога ќе им испратите некоја секси фотографија

Без разлика дали сте облечена, соблечена, сама или во друштво, вашите партнери секогаш ќе бидат пријатно изненадени кога ќе добијат некоја фотографија која ќе ја стимулира нивната фантазија и ќе ги потсети на убавите нешта. Затоа искрено ве советуваме понекогаш да го направите тоа, чисто онака, експериментирајќи со вашите фотографски способности. Никогаш не се знае, можеби во вас се крие извонреден талент за тоа, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button