Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Лавовите ќе уживаат во вниманието од спротивниот пол, а Стрелците треба да очекуваат прилив на пари

Реклама

Хороскоп од 25.06 – 01.07.2018 година!

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Оваа недела комуникацијата нема да ви биде силна страна, па може да дојде до сериозни кавги со вашите колеги. Обидете се да ги решавате работите на поинаков начин, затоа што во овој момент значајна ви е стабилноста на работното место.

Љубов

Потребно е да имате поголемо ниво на толеранција кон вашиот партнер, иако понекогаш тој претерува со своето однесување и со своите ставови. Потрудете се да погледнете и од негов агол. Слободните Овни ќе имаат желба за нови авантури, но, вистинската љубов нема да излезе на виделина.

Здравје

Можни се повреди на екстремитетите.

БИК (21 април – 20 мај)

Работа

Оваа недела трудете се да се прилагодувате и да одржувате рамнотежа помеѓу вас и вашите соработници, со цел започнатите приказни да имаат среќен крај. Можни се и кратки патувања во склоп на работните обврски.

Љубов

Односот со партнерот нема да ви биде стабилен, а пред вас ќе се отворат многу нови љубовни искушенија. Лесно можете да посакате да побегнете од целата ситуација со саканата личност, па може да се впуштите во некој флерт. Доколку сте слободни, тогаш внимавајте, зашто со вашите строги критериуми ги оттргнувате додворувачите.

Здравје

И кај вас можни се повреди, а кај жените можни се и гинеколошки тегоби.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Работа

Пред вас е една солидна недела. Иако ќе бидете нервозни и често ќе ги менувате вашите планови, сепак, ќе бидете задоволни со крајните резултати. Сфатете дека некои луѓе едноставно не се на ваша страна и дека не можете да сметате на нив.

Љубов

Ќе ви здосадни постојано да се расправате за некои ситници со вашиот партнер. Може да дојде до жестоки кавги, а потоа да се одлучите да свртите нов лист. Слободните Близнаци ќе остварат контакт со личност која веќе извесно време им се допаѓа.

Здравје

Кај вас ќе преовладува нервозата.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button