Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп ( 4. 11 – 11. 11. 2013)

Реклама

Kликни на твојот знак »

Маркетинг
h1 h1 h1 h1 h1 h1
h1 h1 h1 h1 h1 h1

OВЕН

 Март 21- Април 20 

Маркетинг

Работа: На добар пат сте некои несогласувања да ги надминете. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сé онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Но затоа целиов месец ви овозможува прилив на пари преку работата со која се бавите. И тоа не се само редовни примања, туку можни се некои награди, покачувања, непланирани добивки.

Љубов: Се уште не е касно за помирување, посебно доколку некој од страна ви се вмешал во самиот однос. Се мисли на блиски луѓе, околу вас – пријатели или роднини. Имате шанса сите тешкотии добро да ги пребродите до крајот на неделава. А ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку напротив е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Здравје: Можен повремен пад на концентрацијата.


 Врати се горе » 

БИK 

 Aприл 21- Мај 21 

Работа: Се што е поврзано со странство, странци, патувања…ќе ви ги донесе најдобрите работни остварувања. Доколку веќе се имате ангажирано на тоа поле, само продолжете, месец ноември ви овозможува на лесен начин да ги остварите своите планови. А преку случајни контакти и средби, би можела да ви се врати идејата за начинот на заработка кој ќе го дополни домашниот буџет.

Љубов: Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание. Во моментов сте заинтересирани за партнер кој точно знае што сака и во сé е јасен и директен.

Здравје: Ви се препорачува одмереност во сите активности.


 Врати се горе » 

БЛИЗНАЦИ  

 Мај 22- Јуни 21 

Работа: Иако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се ’спасите‘ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Добра вест е дека кога се во прашање парите, ја имате поддршката на Јупитер, па доколку нешто тргне и на лошо, полесно ќе се справите со ситуацијата.

Љубов: Самиот почеток на неделата ви носи неопределен став во однос на личноста која се обидува да ви се приближи на секој начин. Повеќето припадници на овој знак фантазираат за љубов од соништата, или пак за друга од минатото, а која многу ви значела. Од таму можеби и најдобро се чувствувате до старо друштво и овде ја собирате силата за понатаму. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.

Здравје: Бидете многу внимателни во сообраќајот.


 Врати се горе » 

РАК

 Јуни 22- Јули 22 

Работа: Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она кое што го имате испуштено. Нервозни сте поради нерационалното трошење на пари во претходниот период, но не треба да се вадите од памет – ништо не е нерешливо.

Љубов: Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања. Не е невозможно да се дојде до помирување и средба. Само расчистете со себе дали сте повторно спремни да се соочите со проблемот кој ве раздвоил од саканата личност. Овој месец во овозможува поголем избор на партнери. Вам ви е потребна потпора, додека партнерот од вас очекува емотивност, која му недостасува.

Здравје: Решени сте да го подобрите квалитетот на живеење.



 Врати се горе » 

ЛАВ

 Јули 23- Авгус 22 

Работа: Бидејќи Венера влегува во вашето астролошко поле на остварување и успех, самите чувствувате среќа и задоволство. На спонтан начин ви се отвораат вратите за она кое одамна го посакувате. Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но Марс се уште се наоѓа во вашето поле на парите, па се уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари – и тоа добар.

Љубов: Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки. Што се однесува до оние кои се склони кон тајни врски, доаѓа периодот во кој ќе мора да се решите дали ќе дојде до конечно спојување или дефинитивно ќе ја завршите таа приказна!

Здравје: Препознајте што ви лежи, а што не. Се наоѓате пред духовна преродба.


 Врати се горе » 

ДЕВИЦА   

 Aвгуст 23 – Септември 22 

Работа: Сето она кое ви е нејасно, недоречено…оставете го за покасно или пак воопшто не впуштајте се во такви комбинации. Лесно би можеле да дојдете до погрешна процена, поради недостатокот на информации. Треба да бидете стрпливи и одмерени. Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав поклон или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба.

Љубов: Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот. Сепак имате поддршка до надворешни влијанија кои ви овозможуваат повторно спојување и обнова на врската. Слободните припадници на ова соѕвездие неделава ќе имаат можност за започнување на нова врска, со одмерен партнер, кој ќе го следи секој ваш потег. Но иницијативата ќе мора самите да ја преземете, затоа што потенцијалната љубов не ја краси двигателство.

Здравје: Доколку претходно сте имале здравствени проблеми, сега сте во фаза на закрепнување.


 Врати се горе » 

ВАГА

 Септември 23 – Октомври 22 

Работа: Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како и да е, се наоѓате во период на големи остварувања и постигнувања на полето на кариерата. Успевате да ги реализирате финансиските планови, на само доколку сте спремни на упорност и напорна работа. Оваа недела ништо нема да ви се отвори на лесен начин!

Љубов: Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска. Секоја несигурност ќе носи промашувања, посебно доколку сакате да се смирите со поранешниот партнер. На почетокот од неделава би можело да дојде до нешто ’интересно‘ со личност која живее во странство. Уште доколку станува збор за лице кое доаѓа овде во посета на свои блиски, знајте дека станува збор за двострана симпатија.

Здравје: Бидете свои во сé и правете проверени работи.


 Врати се горе » 

СКОРПИЈА

 Октомври 23 – Ноември 22 

Работа: Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Некои околности се имаат променето. Но имате добро чувство кога се во прашање парите. Имате можности на не толку тежок начин да дојдете до одлична заработка, а овде е и добивката од далеку од личност на која сте ú сториле добро.

Љубов. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување. Неодамнешните случки кај вас имаат донесено големи тешкотии и загриженост. Не чекајте, ништо нема да се реши самото од себе. Бидете спремни да се борите за својата љубов и ќе ја добиете. Ова не е период за експериментирање, туку за преземање на вистинската улога во тековната приказна. Сите случајни средби и нови познанства би можеле ве инспирираат на многу позитивен начин, а успешниот партнер ви подготвува убаво изненадување.

Здравје: Раздвижете се и променете ги лошите навики!


 Врати се горе » 

СТРЕЛЕЦ

 Ноември 23 – Декември 21 

Работа: Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Освен лично заработените пари, очекувајте приливи и од страна.

Љубов: Доста сте заинтересирани, но и прибирливи и токму ваквиот став би можел да ве вовлече во двојна врска. Доколку ви е важен моменталниот партнер, бидете екстремно внимателни, затоа што би можеле да бидете разоткриени – и тоа преку блиска личност. Оваа недела на никаков контакт нема да реагирате со некоја значајност при првата средба. Секој контакт – кој под влијание на околностите започнува често да се повторува – ве води во многу интересна и стабилна врска.

Здравје: Внимавајте на настинки!


 Врати се горе » 

ЈАРЕЦ

 Декември 22 – јануари 20 

Работа: Влезот на Венера во вашето соѕвездие го најавува еден од поубавите периоди во текот на годината. Влијанието ќе ве поддржува и наредните месец дена. Овој период ви овозможува на полесен начин да ги остварите желбите. Сето она на кое му приоѓате со отворено срце, ќе ви биде успешно и среќно. Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие.

Љубов: Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор. Ако сте слободни, на улица или на патување, непозната личност би можела да стапи во контакт со вас и ни самите нема да забележите, но овој контакт продолжува на еден идиличен начин. Се работи за личност од водените знаци: Рак, Скорпија или Риби.

Здравје: Моментално сте пречувствителни, но нешто ќе мора да менувате во навиките.


 Врати се горе » 

ВОДОЛИЈА

 Јануари 21 – Февруари 19 

Работа: Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Љубов: П Имајте внимателен пристап кон туѓите коментари во врска со моменталниот или поранешниот партнер, но и идниот. Има големи шанси некој да сака да ве раздвои уште пред да почнете било што. Сите нејасни моменти можете успешно да ги преминете до крајот од неделата, како и да ги подобрите односите. Но не напаѓајте го партнерот без да му дозволите да се изјасни, би можеле многу да го повредите со своите сомнежи. Со провокации и предизвикување на љубомора кај Скорпија, само уште ќе ги отежнете работите. Не заборавајте дека Скорпиите се тврдоглави, исто како и вие самите.

Здравје: На ова поле имате извонредна поддршка.


 Врати се горе » 

РИБИ 

 Февруари 20- Март 20 

Работа: Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

Љубов: Кај дефинитивно доаѓа до внатрешни промени. Започнувате различно да размислувате за емотивните односи и постепено доаѓате до одговор како да постигнете љубовна среќа. Секој контакт кој започнува полека, опуштено и спонтано, ќе ви овозможи големо остварување. Почетокот на неделава носи љубов со љубоморна личност, но тоа ќе ви годи, затоа што неговата реакција ќе ја доживеете како доказ за интерес и љубов. Но оваа недела не носете важни одлуки.

Здравје: Посветете повеќе внимание на она што го јадете.


 Врати се горе » 

{JFBCLike url=http://www.facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button