Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп (19 – 26.05.2013)

Реклама

Неделен хороскоп за периодот од 19 до 26 мај 2013 година.

zodiacke1 

Маркетинг

ОВЕН (21. 3. – 20. 4)

Работа: Периодот помеѓу двете смени на месечината, последната Месечева четвртина и младата Месечина во фаза на помрачување од 25 Мај, може да донесе разни видови промена на работата. Најдоминантно е чувството на несигурност, посебно кај младите Овни и малку се тие што ќе бидат спремни да прифатат нови обврски, не знаејќи што ги чека. Можни се добивки преку приватен бизнис.

Љубов: Колку партнерот биде помистеричен, толку вие ќе бидете поупорни да го дознаете она што партнерот не сака да ви го каже или упорно го крие од вас. Внимавајте да не бидете иницијатор на некои непријатни разговори поради нешто што сте слушнале е не сте провериле. Слободните овни можат да доживеат убаво познанство со некој кој ќе биде прилично мистериозен, а можно е да не биде слободен.

Маркетинг

Здравје: Можна е мала прелада

БИК (21. 4. – 21. 5)

Работа: Инвентивните соработници ќе покажат голем интерес за вашите идеи, посебно ако се работи за некој хонорарна работа или креативна дејност. Ќе бидете во прилика да разговарате со оние кои можат финансиски да ве подржат во врска со приватните работи. Можни се добивки на кои не сте сметале.

Љубов: Една Скорпија или Рак се обидуваат да ве освојат на оригинален начин и можно е да им појде од рака, посебно ако се работи за некој што инаку го познавате долго време. Ќе добиете повици од повеќе страни во врска со организација за летување или некое заедничко патување, евентуално собир кај пријател на некоја свеченост. Можен е флерт со некој што ви е многу драг.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот

БЛИЗНАЦИ (22. 5. – 21. 6)

Работа: Лошата позиција на Марс може да донесе непријатности кои се однесуваат на соработката со оние кои сметаат дека се ви достојна конкуренција. Можете да ги испровоцирате блиските соработници со својот привидно релаксиран став, иако тоа веројатно маска зад која се кријат големи амбиции. Ќе добиете вест за можно продолжување на соработката со некогашните соработници.

Љубов. Ова е поволен период за секаква врста незадолжително дружење. Помрачувањето на Месечината на крајот од овој период и сите денови кои му претходат, носат доста потреси во врска со организацијата на животот со сталниот партнер. Немојте ништо да планирате, посебно на влегување во брак во овој период или пак преселба во друг град. Слободните Близнаци може да бидат склони кон флерт, пред сé, како би стекнале сигурност во себе, а помалку затоа што им е грижа за некој друг.

Здравје: Проблеми со синусите

РАК (22. 6. – 22. 7)

zodiacke3 

Работа: Обидете се да бидете трпеливи со сталните колеги, но и со новите деловни партнери, затоа што ви претстојат значајни промени на кои ќе морате да се навикнете. Оние кои се занимаваат со приватна работа, ќе имаат успешен период кога е во прашање заработката. Може да добиете прилично чудна понуда на која нема да знаете како да реагирате. Почекајте со донесувањето на одлуките, можеби ќе добиете нешто поповолно.

Љубов: Нема лесно да ги толерирате критиките од партнерот на ваша сметка. Ако не се обидете да покажете повеќе толеранција, периодот ќе ви биде напорен, посебно за оние кои се родени во средината или крајот на 60-тите. Слободните ракови може да запознаат некоја Скорпија или Девица, со која може да доживеат тајна романса или многу страствена врска.

Здравје: Можни се стомачни проблеми

ЛАВ: (23. 7. – 22. 8)

Работа: Ќе успеете да го постигнете она што го сакате, ако добро го организирате своето време и ако бидете спремни некому да му поклоните внимание и доверба. Тоа посебно се однесува на младите Лавови кои чекаат некој да им се јави и да ги повика да им бидат соработници. Финансиската ситуација е релативно стабилна, но треба да се обидете да ги намалите трошоците.

Љубов: Напорен период за оние кои не знаат што сакаат. Обидете се да му бидете потпора на партнерот и немојте да му префрлате без поголема потреба. Доколку планирате заедничко патување, ќе ви биде посебно пријатно, а ако сте слободни и треба некаде да одите, ќе си поминете прекрасно. Оние кои се во брак или во врска, може да очекуваат пријатни заеднички моменти со еден Рак, Скорпија или Јарец.

Здравје: Добро се чувствувате

ДЕВИЦА (23. 8. – 22. 9)

zodiacke4 

Работа: Поради транзитирањето на Месечината, која што последниот ден од периодов ќе биде помрачен во Стрелец, ќе бидете преокупирани со потреба да работите само рутински работи. Нема да сакате да влезете во никаков нов аранжман, иако некоја работна понуда од некоја Скорпија ќе ви биде привлечна. Насочете ја енергијата на една работа, можеби оној кој во иднина ќе донесе најмногу пари.

Љубов: Темната фаза на Месечината, која на крајот од овој период ќе биде помрачена, носи љубов со некој што би можел да биде причина за вашата вознемиреност, затоа што веројатно нема да знаете на кого ќе можете да сметате. Доколку сте во стална врска или брак, немојте да прифаќате излегување со некој за кого знаете дека не е воопшто рамнодушен кон вас. Некој Рак, Бик или Риба можат да бидат прилично упорни во желбата да ви се наметнат.

Здравје: Намалете ги оброците

ВАГА: (23. 9. – 22. 10)

Работа: Може да ви изгледа дека можете многу да постигнете во овој период, само ако бидете доволно претприемчиви. Би било добро да бидете спремни на секаков вид соработка. Ве очекува помош од некој кој инаку ви е лојален, но можно е на сталното работно место да чувствувате несигурност или пак да бидете недоволно мотивирани поради промените на кои не можете да влијаете. Можни се вонредни добивки.

Љубов: Спремни сте да дадете онолку колку што примате, а можеби и многу повеќе од тоа ако се работи за врска со некој што го познавате од неодамна, или сте во некоја врста на тајна афера. Можете да бидете склони да верувате во сé она што се зборува за вашиот партнер, но истовремено ќе дадете повод на другите да мислат за вас нешто што не ви оди во прилог, а најверојатно е точно.

Здравје: Можни се проблеми со грлото

zodiacke1 

СКОРПИЈА (23. 10. – 22. 11)

Работа: Во периодот кога Месечината од последната четвртина, до фазата на помрачување преминува преку вашиот знак, може да ви донесе многу промени во работата – како пријатни, така и помалку пријатни и неочекувани. Трудете се да постигнете договор со некој во кого имате голема доверба, но ќе инсистирате на потпишување договор. Нови и големи работи се пред вас.

Љубов: Можно е да сте во прилично незавидна ситуација, посебно ако во последно време честопати сте одвоени од партнерот или склони кон тајни врски. Заедничка работа или некој друг интерес може да доведе до можност за остварување на поблизок однос со личноста која ви е драга. Слободните Скорпии може да запознаат некој Овен или Стрелец кој ќе им се допаѓа.

Здравје: Можна е повреда

СТРЕЛЕЦ (23. 11. – 21. 12)

Работа: Почетокот на периодов носи можности за разговор на теми кои за вас се многу важни и тоа со оние кои до пред само извесен биле оптеретени со други проблеми. Ќе може да се договорите околу условите за работа кои вам би ви одговарале, посебно кога станува збор за финансискиот дел. Можен е изненаден повик за работа во странска фирма. Играјте игри на среќа на среќа.

Љубов: Транзитната месечина во фаза на помрачување во вашиот знак може да донесе чести промени на расположението, страствена љубов со некој што ви е извонредно наклонет и неможност за воспоставување на комуникација која би ве задоволила. Можено е да запознаете некој што се бави со сопствен бизнис, со кој заедно и ќе соработувате на работното место.

Здравје: Проверете го видот

ЈАРЕЦ (22. 12. – 20. 1)

Работа: Крајот на неделата носи доста сомнежи и недоверба во некој од соработниците. Може да дојде во прашање договорот со некој Стрелец, ако во односот ви се меша некоја Риба, Рак или Овен. Држете ја ситуацијата под контрола, затоа што тоа и се очекува од вас. На правете непотребни трошоци. Можна е обнова со Водолија.

Љубов: Исто како и на работата и во љубовта би требало да бидете максимално воздржани по прашањето околу коментарите за однесувањето на партнерот, неговите деловни одлуки или евентуалните недоразбирања со семејството. Доколку сте склони кон тајни врски, еден Рак кој што го познавате со години, ќе се обиде да ја обнови врската која некогаш сте ја имале. Ако сте слободни, родени во средината на 70-тите или 80-тите, ви претстојат возбудливи средби.

Здравје: Можна е настинка

ВОДОЛИЈА (21. 1. – 19. 2)

zodiacke2 

Работа: Потребен ви е соработник на кој ќе можете да се потпрете за сé. Не треба премногу да се оптеретувате со мисли за нешто што можеби нема да ви одговара, а вие може да почувствувате обврска кон оној кој ќе ви се обрати за помош и да му излезете во пресрет. Време е да се соочите со самите себе и сопствените дилеми. Добриот аспект помеѓу Уран и Сонцето во крајот од овој период ќе донесе нови работни можности.

Љубов: Ова би можел да биде поволен период за оние кои се во врска со Овен, Водолија или вага. Имате потреба да го зацврстите односот со некој со кого долго време не сте биле на чисто дали ви е верен или не, или пак сте се двоумиле да влезете во врска. Послушајте го внатрешниот глас и анализирајте ги сопствените чувства, а не оние на партнерот и ќе ви стане јасно што очекувате, а што можете да добиете од него, односно нејзе.

Здравје: Можни се болки, предизвикани од реума.

РИБИ (20. 2. – 20. 3)

Работа: Склони сте кон правење планови на долг рок, но би требало да бидете пореални кон сé, па и во ангажманот во друштвениот живот. Вашиот натпреварувачки дух не ви дозволува да запрете, но затоа ќе бидете склони кон повремено паѓање на енергијата, што може лошо да се одрази на состојбата на вашиот дух и карактер. Сепак, имате прилика да добиете поддршка од соработниците и најверојатно ќе ја завршите веќе започнатата работа.

Љубов: Добриот аспект помеѓу Венера и Уран може да донесе тајна романса со некој што го познавате преку работата. Ако сте млади, потребен ви е одлучен партнер, кој што ќе ви биде сигурна потпора во кариерата. Слободните Риби може да влезат во врска со партнер кој е нешто постар од нив, а оние средовечните може емотивно да се врзат со лице кое што е познато во јавноста и има завиден углед.

Здравје: При крајот на периодов, можна е повреда.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button