Џиџи Хадид во комбинација која НЕ може да ја носи секој
Но таа во неа изгледа фантастично!
Кога ја носите оваа боја тешко можете да останете незабележани, па дури и кога ја носите на само еден моден детаљ како што е марама или чанта. Џиџи Хадид многу добро го знае тоа па реши од глава до пети да се облече во жолто – и изгледаше прекрасно! И додека хејтерите веднаш и порачаа дека изгледа како банана, Џиџи ни покажа како се носи оваа боја.
Таа панталоните со врвки ги носеше во комбинација со краток топ на прерамки преку кој носеше џемпер во иста нијанса додека на нозете носеше шпиц рамни обувки во беж нијанса кои ја ублажија целата комбинација.
Инаку Џиџи со оваа комбинација ни покажа дека е во совршена форма – стегнато стомаче и обликувани раце се наѕираа под облеката, додека нејзиното лице беше скриено зад необични, но потполно тренди очила за сонце.
Оваа боја е хит за ова лето – ја обожаваат познатите дами, но и нашите девојки >>