Реклама
Кафе муабет

Најтешко е да сакате добар маж

Реклама

Тешко е да сакате некој кој се однесува премногу добро.

 1 dobar

Тешко е да сакате некој кој се однесува премногу добро. Добриот маж не е само добар човек. Тој не прави прекрасни работи само за да ви ја докаже својата вредност. Љубезноста е дел од неговиот ген и негов морален код, склоп на вредности и стандарди според кои секогаш постапува. Добриот маж го прави она што е добро. Тој никогаш нема да ве лаже за да ве спаси од лошите чувства, туку ќе направи многу работи кои ќе ве налутат и повредат. Но не ќе можете да му се налутите, зашто сето тоа не е со лоша намера…

Маркетинг

Тешко е да бидете во врска со добар маж, а во овој свет на лага и прељуба, вистинска среќа е да успеете истиот да го задржите покрај вас. Тој се грижи за семејството, за жената која ја избрал за своја сопатничка, тој е нежен, секогаш има утешни зборови и никогаш не е себичен. Добриот човек ќе ве промени, затоа што покрај него ќе знаете да уживате. Ќе разговарате со часови и никогаш нема да ви биде досадно. Покрај сите свои недостатоци, тој ќе се постави толку високо во вашето срце, при што никој нареден нема да може да ви го подари истиот начин на живот. Бидејќи речиси невозможно е да му се налутите на овој маж, тешко дека ќе можете да го преболите. Можеби ќе го споредувате со новите љубови. Не зачудувајте се ако и понатаму го паметите неговиот датум на раѓање, иако веќе неколку години не сте заедно. Вистина е дека е тешко да се пронајде добар човек, но да се биде во врска со него е уште потешко.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button