Реклама
MAMAКафе муабет

Молитва која ќе ви го даде потребното трпение и потребниот мир во денот

Реклама

Стресниот живот ни носи многу проблеми. Денес ние сме повеќе фокусирани на проблемите, за разлика од нашите предци, кои знаеле да пронајдат мир и трпение во секој ден. Нам ни се чини дека сме се’ позатрупани од проблемите на кои не им се гледа крајот.

ФОТО: depositphotos.com

Но, во такви моменти, вреди само да се помолиме и да се опуштиме. А за таа цел може да ви послужи следнава молитва.

Господи, јас молам за чуда и чудеса, а за силата на секој ден. Научи ме на уметноста на малите чекори. Направи ме учтив и информиран, за да можам во секојдневието навреме да се задржам на откритијата и искуството кои ме инспирираат. Научи ме правилно да го разпределам времето во животот.

Маркетинг

Дари ми тенок талент, за да го разликувам најзначајното од неважното. Јас молам за сила за воздржување и мерка за да не брзам и да не ползам во животот, а мудро да го планирам денот, да можам да видам врвови и далечни пространства, а понекогаш дури и да имам време за уживањето во уметноста. Помогни ми да сфатам дека илузиите не помагаат со ништо. Ниту спомените за минатото, ниту соништата за иднината.

Помогни ми да бидам овде и сега и да ја гледам оваа минута како најважна. Запази ме од наивна верба дека се’ во животот треба да биде лесно. Подари ми јасна свест за тоа дека комплексноста, поразите, падовите и неадекватноста се природен дел од животот, благодарение на кој ние растеме и созреваме. Напомнувај ми дека срцето често се расправа со разумот. Испрати ми во потребниот момент некој кој има моќ да ми ја каже вистината, но кој ќе го направи тоа со љубов. Знам дека одлуката на многу проблеми е во чекањето. Затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку голема е потребата од пријателство. Направи ме достоен за овој прекрасен и нежен дар на судбината.

Маркетинг

Дај ми богата фантазија, за да можам во потребниот момент, на потребното место, молчејќи или говорејќи, да му подарам некому потребната топлина. Направи ме човек, способен да достигне до оние кои дошле до дното. Запази ме од стравот да не пропушам нешто во животот. Дај ми го не она што го сакам, туку она што всушност ми е потребно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button