Реклама
Uncategorized

Молитва кон Св. Наум која треба да ја изговарате кога сте тажни и осамени

Реклама

Сите ние во одреден момент се чувствуваме тажни и осамени, како да не гледаме излез во животот наш. Во такви моменти, треба да се помолиме кон Св. Наум со следниве зборови.

ФОТО: sciencebeta.com

Светител Отче наш Наум, покриј ги нашите слабости и излекувај ги нашите болки со твоите молитви. Ти се молам за слугата божји кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев или грев на неговите родители, или грев на роднините свој и ако поради грев го снајде оваа болест, ти посредувај, о Ангелоподобен Светител пред престолот на Господа, кој те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели. Ако оваа болест е со Божја дозвола според светиот збор Божји: кого Господ го љуби, него и го кара, го бие секој син кого го прима, тогаш ти умилно молиго семилостивиот и сежалостивиот Бог да се смилува на овој слуга свој и да не допушти надчовечки страдања, зашто луѓето се тело и ништожни, и ние не можеме да совладаме ниедно страдање без благодатта божја што ни дава сила.

Светител наш Наум, слушни не брзо и исцели го слугата Божји со твоите свети молитви, за да не речат неверниците каде е неговиот Бог. О Свети и ПреподобниОчте Науме, покажи ја силата што ти е дадена од семоќниот Бог Господ и на овој слуга како што си ја покажувал и до сега на безброј болни и слаби и на оние кои со вера и покајание и молитви доаѓаат на твојот чесен гроб. Исцели ја и оздрави ја душата и телото, изгони го и исфрли го пакосникот на човечките тела, засили го неговото тело со здравје и сила за да има во што да се подвизува и кае неговата душа и да се подготвува за царството небесно.Тргни ја од него предвемената смрт, за да му угодува на Бог со добри дела и да најде милост пред Бог на страшниот суд Божји.

Маркетинг

Помоли се о преславен Наум чудотворец за својот слуга, Господ да му ги прости сите гревови волни и неволни и да го очисти со Св Дух од секојанечистотија со твоите свети молитви, Отче Науме, за и тој да ја прослави Света Троица која те прославила, Отца и Сина и Светиот Дух

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button