Меланија Трамп во шик фустан од познатата српска дизајнерка
Меланија Трамп го напушти Израел и се упати кон Рим заедно со претседателот во all white издание со потписот на познатата српска креаторка.
Меланија сите ја знаеме како дама со беспрекорен стил, но и со по малку чудни манири поради кои што често е и мета на новинарите и аналитичарите кои најчесто го критикуваат нејзиното нетипично однесување. Особено по посетата на Саудиска Арабија кога носеше поприлично дискутабилни комбинации.
Но овој пат Меланија ги освои сите со ова издание!
Фантастичен бел фустан со потписот на Роксанда Илинчиќ зачинет со сребрени ленти кои ја разбиваат монотонијата на белата боја и едноставниот крој. Таа изгледа како да маршира на пистите во овој фустан и тоа како некој кој е свесен за настанот, годините и кој сваќа дека убавината може да се изрази и преку едноставни, но грациозни парчиња.
Првата дама на Франција во издание инспирирано од Меланија Трамп >>
Па, што мислите вие за ова издание на Меланија?