Линија мебел на студиото Rosi & Rufus
Дизајнерите од студиото Rosi & Rufus од Минхен се вистински специјалисти кога се во прашање куќички за кученца. Денес ќе ви ја преставиме нивната линија мебел за домашни миленици кои живеат во градовите. Мебелот е рачно изработен и вклучува еколошки и естетски аспекти. Дрвото е премачкано со посебен лак кој е отпорен на вода како мебелот би можел да се чисти додека се користи и за да биде потраен. Класичните облици и ткаенини со убави принтови го прави овој мебел неодолив како на кученцата така и на нивните сопственици кои заедно го делат нивниот простор. Ние на нашите миленици дефинитивно би сакале да ги почестиме со ваква куќичка. Вие?
Погледнете повеќе во фотографиите, а доколку ви се допаѓа овој пост, ве молиме споделете го со пријателите.