Дом и семејствоПрепораки

Тука јагнешкото е поезија, а прасечкото печење друга димензија – сочна идеја за бегство од градот

Што да ви препорачаме? Ух, изборот е голем. Најдобро, што ќе ви се „падне“ - јагнешко печење, прасечко, јагнешка дроб сарма, јагнешки крезли, чадено крапче, плескавица во лиснато, ѓомлезе, комад, превкусно овчо сирење...Изгледнете се претходно добро. 

Advertisement

На само 3 километри од Охрид, во срцето на селото Велгошти, се наоѓа Етно куќа Св. Петка – место каде што традицијата и вкусот се спојуваат во едно незаборавно гастрономско искуство.

Етно куќа Св.Петка

Селото, сместено на 750 метри надморска височина, нуди прекрасен поглед на Охридското езеро и е дом на манастирот Св. Петка, кој е инспирација за името на ресторанот.​

Advertisement

Уште на самиот влез во ресторанот ќе бидете прегрнати од топлата атмосфера, и набргу ќе забележите дека тука секој детаљ е внимателно уреден во традиционален македонски стил.

Менито на Етно куќа Св. Петка е вистински рај за љубителите на македонската кујна. Традиционалните рецепти, пренесени од генерација на генерација, се подготвуваат со љубов и посветеност.

Етно куќа Св.Петка

Меѓу најпопуларните јадења се ѓомлезето, питулиците, месените специјалитети и селската тава. Секое јадење е подготвено со домашни состојки, што гарантираат автентичен вкус.​

Advertisement
Етно куќа Св.Петка
Етно куќа Св.Петка

Една од највпечатливите понуди на менито е плескавицата во лиснато тесто со шест видови сирења: моцарела, гауда, плаво сирење, пармезан, топено сирење и чаден кашкавал. Вистински гурмански уживање, кое ќе го задоволи и најпребирливиот вкус.​

За јагнешкото и свинското печење може да зборуваме со часови.

Етно куќа Св.Петка
Етно куќа Св.Петка
Етно куќа Св.Петка

Гостите на Св. Петка често споделуваат свои искуства и впечатоци.

Еден посетител објаснува: „Од моментот кога влеговме, бевме пречекани со топлина и љубезност. Храната беше извонредна, а атмосферата создаде чувство како да сме дома.” Друг пак, споделува: „Ова е најдобриот ресторан во Охрид. Секој залак е исполнет со автентичен вкус на Македонија.”​

Етно куќа Св.Петка
Етно куќа Св.Петка
Етно куќа Св.Петка
Етно куќа Св.Петка

Етно куќа Св. Петка не е само ресторан; тоа е место каде што можете да уживате во природата, да се опуштите и да се вратите кон корените на македонската традиција. Со својата близина до Охрид и манастирот Св. Петка, ресторанот нуди уникатно искуство за сите посетители.​

Ако сте во потрага по место каде што вкусот на традицијата се на прво место, Етно куќа Св. Петка во Велгошти е идеалната дестинација. Не пропуштајте ја шансата да уживате во автентичната македонска кујна и да си создадете незаборавни спомени.​ Ние веќе си создадовме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button