Повеќето мажи сакаат орален секс.
Повеќето мажи сакаат орален секс!
Поточно, тие го обожаваат, а постојат и такви кои повеќе го сакаат и од обичниот секс. Но, тоа не значи дека не се плашат од некои од следниве работи.
1. Кога во клучен момент ќе престанете со она што го правите
Има девојки кои кога момчето ќе ги предупреди дека стигнуваат до врвот, престануваат со своите активности, како во рацете да држат експлодирачка направа, а не пенис. Како би се чувствувале вие ако тоа ви го направи вашиот партнер?
2. Заби
Ова е најголемиот страв на мажите, а велат и дека болката е незамислива. Дефинитивно не им се допаѓа болката од забите, на средина од задоволството. Исто како кога јадете некоја вкусна чоколадна торта, а потоа некој одеднаш ќе ве удри по стомакот. Не звучи добро, нели?
3. Страв од непријатен мирис
Ниту тие не се имуни на тие стравувања. Секој маж се прашува дали е во задоволувачко издание. Дури и при редовно одржување хигиена, нив ги измачува ова прашање.