Реклама
Интервју

Mе привлекуваат интелигентни мажи кои немаат социјални мрежи- искрено со пејачката Андријана Петрушовска

Стресот го ослободувам со брзо возење на отворен пат кога сум сама во автомобил, вели пејачката.

Реклама

Прекрасната пејачка Андријана Петрушовска за јавноста позната како македонски кандидат на „Ѕвездите на Гранд“, но веќе со бројни настапи низ клубовите ширум земјата.

Убавата, млада и талентирана Андријана ги има сите предиспозиции за ѕвезда. Пред се моќен глас, одличнен сценски настап и преубава појава.

Петрушовска е втор пат дел од регионалното музичко шоу, минатата сезона беше блиску до целта. Дали и оваа година ќе имаме Македонка како победничка на „Ѕвездите на Гранд“? Какви се нејзините очекувања, ја прашавме и за тоа дали е заљубена, што прави во слободно време и на кого ја наследила убавината.

Маркетинг

Уживајте во интревјуто со Андријана Петрушовска.

Маркетинг

Станавте популарна по вашето стапнување на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, дали се ова вашите почетоци со музичката кариера? Присетете се кога првпат се фативте за микрофон и почнавте да пеете?

Почнав да пеам од својата 17 годишна возраст, но слободно можам да кажам дека мојата професионална кариера започна со Sвездите на Гранд.

 

Дали потекнувате од музичко семејство? Дали убавиот глас е поврзан со генетиката?

Не потекнувам од музичко семејство и ја сум единствената која се бави со музика во моето семејство.

Што сте по вокација? Кои се вашите идни планови како еден млад човек? Дали сакате комплетно да се посветите само на музиката?

По вокација сум сопран. Моите идни планови се комплетно да се посветам на својата музичка кариера и многу скоро да извадам сингл, а понатаму и албум.

Што правите во слободно време, имате ли животни ритуали?

Во слободно време сакам да читам, да се посветам на семејството, посебно моето малечко братче, да возам road bake, теретана и да поминам повеќе време во природа.

Дали сте заљубена? Може ли да ни откриете нешто повеќе за вашиот љубовен живот. Често пеете балади, дали тоа значи дека сте романтична душа…Каков тип на мажи ве привлекуваат?

Не би сакала да разговарам за мојот приватен живот.

Инаку сум романтичен емотивец и ме привлекуваат интелегентни мажи кои немаат социјални мрежи, имаат исклучително изграден имиџ на џентлмени и се секогаш посветени на својот приватен и емотивен живот.

Од кого сте ја наследиле вашата вонвременска убавина, на кого личите? (може тука и фотографија да ни пратите ако личите на некого многу😊

Секако мојот физички изглед го имам наследено од својата мајка.

Од кого добивате најмногу поддршка за настапите, при подготовките?

Најмногу поддршка добивам од мама, тато, Ива, Оги. 😜

Што ви е издувен вентил за да се ослободите од стресот?

Прошетка во природа, брзо возење на отворен пат кога сум сама во автомобил.

Не може да не се забележи и тоа што секогаш изгледате уникатно, атрактивно…кој се грижи за вашиот изглед за настапите, за вашите јавни појавувања?

Бидејќи секогаш сакам да изгледам уникатно, впечатливо и препознатливо, а зад цел тој асортиман стои професионалниот тим на Елена Лука.

Што сакате најмногу од Скопје? Каде одите најчесто, каде излегувате?

Можеби ќе звучи чудно, но јас не сум дел од ноќниот живот на Скопје, освен кога настапувам.

 

Што му недостасува на Скопје?

А најмногу од Скопје сакам да ги направат улиците и превземат мерки против загадувањето.

Кои се вашите очекувања од оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“?

Моите очекувања од оваа сезона се добра забава и одлична соработки.

Неодамна споменавте дека ја подготвувате вашата прва песна. До каде е тоа? Може ли да ни откриете за каква песна се работи, дали ќе биде на македонски, со кого ја работите, ќе има ли спот?

Тој дел сѐ уште нема да го откријам, но кога ќе дојде времето ќе бидете поканети на промоцијата која ќе биде од јавен карактер.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button