Некои потези во љубовта силните жени едноставно никогаш нема да си ги дозволат, затоа што тие многу добро знаат колку вредат.
Некои потези во љубовта силните жени едноставно никогаш нема да си ги дозволат, затоа што знаат колку вредат. Во продолжение погледнете кои грешки не ги прават тие.
1. Нема да му се вратат на бившиот само затоа што се чувствуваат осамено
Силните жени никогаш не се враќаат на старо, особено ако е во прашање мажот кој не им донел никакво задоволство и среќа во животот. Можеби вашиот бивши ви дава знаци дека е заинтересиран за да се смирите, но во такви моменти само присетете се зошто сте ја прекинале вашата врска.
2. Немаат потреба намерно да го прават љубоморен партнерот
Во младите години сигурно сте биле спремни да направите многу работи, за да го придобиете вниманието на партнерот и да го направите љубоморен. Но, сега не треба да си ги допуштате тие игри. Мала доза љубомора секогаш е здрава, но само кога е во прашање „природната“ реакција. Долгорочното намерно предизвикување љубомора не е добро ниту за една врска.
Не е сѐ само во изгледот: науката покажува дека оваа женска особина е магнет за машките срца >>
3. Не го чекаат неговиот повик или порака
Седењето пред мобилниот телефон и чекањето повик или порака од него, не е одлика на силните жени. Никогаш не чекајте никој и секогаш гледајте напред. Вие заслужувате маж кој ќе сака да ве слушне и да разговара со вас, а не некој кој ќе си игра со вашите чувства и ќе ве тера да го чекате.
Кинеска деветка: после оваа поза toj никогаш нема да ве заборави >>