Многу луѓе сметаат дека љубомората на партнерот е знак за голема љубов.
Многу луѓе сметаат дека љубомората на партнерот е знак за голема љубов. Но, тоа не е така! Таа е скриено чудовиште која ќе ви ја уништи врската, кога вам или на вашиот партнер ќе ви здосади да ги трпите љубоморните испади. Љубомората е во вас и нема никаква врска со вашиот партнер. „Не е важно што тој/таа прави, вие едноставно сте љубоморни и чувствувате постојана потреба да го/ја проверувате. Имајте на ум дека љубоморните луѓе се манипулатори и плашливи“, вели експертот за врски, Роберта Шејлер.
И неверните мажи ги сакаат своите жени >>
Љубоморните луѓе се плашат дека нивниот партнер ќе ги издаде, дека ќе направи грешка, дека ќе бидат оставени… но сето тоа постои само во нивната глава. Партнерот не ве измамил, туку вие се плашите дека тоа ќе го направи. Љубомората е страв дека нешто би можело да се случи, таа е несигурност која ја презема контролата над вас. Доколку имате проблем со тоа да знаете каде е вашиот партнер баш во секоја минута, размислувате дека ве изневерува и мислите дека ја заведува секоја девојка која ја запознава, тогаш вие имате проблем со љубомората. Таа нема врска со вистинските случувања, туку само со тоа како се чувствувате вие. Но, треба да размислите дека постои реална причина да се чувствувате така, па да зборувате со вашиот партнер.