Сите знаеме дека секоја девојка мора да има барем еден пар црни панталони во плакарот.
Но, кога ќе дојде ред да ги облечеме, можеме да наидеме на потешкотии ако сакаме да изгледаме шик и модерно. Токму поради тоа овде ќе споделиме три комбинации на Бруклин Блонди, кои можат да ви послужат како одлична инспирација кога следниот пат ќе решите да облечете црни панталони.
Можете да ги комбинирате панталоните со бела блуза и да внесете малку боја и свежина во комбинацијата со помош на црвени модни додатоци. Овде е и неизбежниот црвен кармин.
Истата блуза и панталоните можете да ги надополните со сино моторџиско палто. Наместо црвените сандали облечете бели салонки.
МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА:
Топ 40 панталони до 3,990 денари од најпознатите high-street брендови »
Облечете црна кожена јакна и бели рамни чевли со шпиц. Изберете кафеава чанта за да ја разбиете монотонијата и да внесете елемент што ќе го привлекува вниманието.
ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА » |
Што обично носите со црни панталони? Споделете ги вашите комбинации во коментарите!