Реклама
MAMAКафе муабет

Колку повеќе сте љубезни, толку повеќе ќе бидете искористувани…

Реклама

Ако сте многу љубезна личност која не знае да каже „не“, тогаш голема е веројатноста да ви се случат некои негативни работи. Не дека не треба да бидете љубезни, но треба да ги знаете своите граници.

ФОТО: letssearchsuccess.com

Ако сте добра личност во секоја ситуација, најверојатно сте се нашле во неколку непријатни ситуации кога другите ве искористувале. Не дозовлувајте да се случи тоа, туку следете ја ситуациајта и дејствувајте во склоп со неа. Ако сте љубезни, нема да се карате со другите, а многумина тоа го сметаат како дозвола за да ве прегазат. Така, ве тестираат повеќе пати и на крај вие останувате повредени.

Многу луѓе нема да ја разберат вашата добрина, туку ќе ве прегазат за да го добијат она што го сакаат. На ваквите луѓе не им е гајле за вашите чувства, па иако повеќе пати сте им помогнале во непријатни ситуации, тие нема да бидат тука за вас кога ќе ви притребаат. Ако се пронаоѓате во оваа група луѓе тогаш сигурно и вам ви недостасува грижа за себе. На ваквите личности најчесто им е непријатно да бараат време за себе или пак помош кога се чувствуваат лошо. Но, сфатете дека сите имаме лоши периоди и дека на секој од нас понекогаш му е потребна некоја потпора.

Маркетинг

Променете се и ќе имате поголемо задоволство. Ако се грижите за себе и се ставате на прво место, нема да ги изгубите пријателите, зашто оние вистинските секогаш ќе останат со вас. Така, секогаш кога од вас ќе се бара да бидете љубезни, помислете и уверете се дека тоа не ве уништува…

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button