Диети

Колку навистина тежат и кој конфекциски број носат Ким Кардашијан, Бијонсе, Ријана …

Реклама
Реклама

Секогаш кога пред нив ќе се појават славните девојки, на претставниците на посилниот пол им се одзема здивот, додека претставничките на понежниот пол секогаш коментираат дека станува збор за Фотошоп.

Но, и покрај тоа што на сите ни е јасно дека зад секоја позната ѕвезда се кријат дузина тренери, нутриционисти, стилисти.. сите секогаш се прашуваат колку тие навистина тежат и дали навистина се толку витки. Па за сите оние кои се прашуваат кој конфекциски број носат познатите девојки, еве ги одговорите…

Маркетинг

Бијонсе

Маркетинг

Сопственичката на најславните колкови, поп дивата Бијонсе отсекогаш ги сокрива приватните детали па така и кој број носи. Но, на годинешното доделување на Греми наградите дизајнерот Мајкл Костело (Michael Costello) во чија креација Бијонсе блескаше таа вечер, откри: „Фустанот е помал од 34, помеѓу 32 и 34. Таа навистина е тенка и изгледа прекрасно.“

Ким Кардашијан

Старлетата Ким Кардашијан која со својот не така мал задник го руши интернетот кога и да посака, во живо всушност е многу ситна и нежна женичка. Иако за време на бременоста беше на удар на медиумите поради своите килограми, таа по породувањето во рекордно време се врати во топ форма и на својата идеална тежина од 56 килограми.

Ријана

Прекрасната девојка од Барбадос која е пример на многу млади девојки од целиот свет, Ријана, отсекогаш истакнуваше дека облините се привлечни. Така пред две години призна дека во моментот не е задоволна од своето тело бидејќи го носи бројот 28, американска нула. „Претерав. Подрага сум си кога сум малку побуцмаста, го сакам мојот задник назад“.

Џесика Симпсон

Една од најпосакуваните русокоси во светот, Џесика Симпсон, призна дека нејзиниот конфекциски број се движи помеѓу 34 и 36. Како што вели, таа никогаш не сакала да носи број 28, американска нула, и тешка е само 40 килограми.

Мила Кунис

Ѕвезда на серијата „Луди седумдесетти“ и новопечената мајка Мила Кунис отсекогаш имала околу 53 килограми, но за улоги таа често е на диети. Па така за време на снимање на филмот Црниот лебед падна на 43 килограми и не се чувствуваше добро, па дури во една пригода и се спореди со Голум од Господарот на прстените.

Бруклин Декар

Во модниот свет владеат извонредно слаби девојки без облини, а тоа го докажува и Бруклин Декар. „Јас имам облини и големи гради. Носам конфекциски број 34 што за модниот свет е преголем број, но сепак, јас успешно работам како манекенка“, откри преубавата Бруклин.

Кети Пери

Кети Пери не била отсекогаш задоволна со своето тело „Кога бев дете скоро еднакво бев и висока и тешка. Имав околу 65 килограми и огромни гради кои ги сокривав во тесен топ. Тогаш мислев дека моето тело нема никогаш да се оформи. Но, денес имам околу 58 килограми и потполно сум задоволна како изгледам“ беше искрена пејачката.

Тори Спелинг

Бившата ѕвезда од Беверли Хилс, Тори Спелинг, пред пет години полуде од натписите во американскиот таблоид Стар дека боледува од анорексија. „Стар лаже. Дојдете во мојот дом, измерете ме. Ќе видите дека имам 48 килограми“ напиша тогаш Тори на нејзиниот Твитер профил.

Извор. Hot. Net.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button