Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кои хороскопски знаци најмногу се радуваат и уживаат во божиќните празници?

Реклама

Некои личности едноставно едвај чекаат да дојдат божиќните празници, да бидат со своето семејство, да разменуваат подароци, да се радуваат… Во продолжение проверете кои хороскопски знаци го подобруваат расположението во овој период од годината.

ФОТО: crosswalk.com

Рак

Овој грижлив хороскопски знак сака топла семејна атмосфера, па сосема јасно е зошто се наоѓа на врвот на оваа листа. Раковите го обожаваат Божиќ и сигурно нема да го чекаат последниот момент за да ги завршат своите обврски. Први ќе купат подароци, додека уште никој не ни размислува за тоа.

Бик

Вредните и радосни Бикови ретко им се препуштаат на мрзливоста и на одморот. Меѓутоа, кога ќе стигнат божиќните празници, никој нема да ги запре во тоа. Немојте да се зачудите ако ги видите како се одмораат и им се препуштаат на храната и доброто друштво.

Маркетинг

Девица

Додека останатите хороскопски знаци се ужаснуваат од помислата на чистење на домот, печење колачи и бројни гости, Девицата е спремна за акција. Никој, како овој перфекционист, не ужива повеќе во подготовките за највеселиот ден во годината.

Лав

Лавовите се љубители на добра забава и друштво, па затоа се радуваат на празничната атмосфера. Тие се апсолутни ѕвезди на секој семеен собир. Најчесто не се заинтересирани за готвење, но затоа добро ќе ве забавуваат.

Маркетинг

Риба

Се прашувате зошто Рибата слабо одговара на пораките овие денови? Па, нема време, затоа што ги извршува домашните обврски. Не се ни обидувајте нејзината божиќна плејлиста да ја замените со некоја друга музика!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button