Реклама
MAMAКафе муабет

Ќе биде онака како што треба да биде. Кога ќе ви биде тешко, потсетете се на ОВИЕ пет работи

Реклама

Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се соочите со нив. Замислите колку прекрасни работи би можело да ви се случат кога не би биле толку посветени на борбата со проблемите. Секогаш настојувајте да го гледате она што го имате, наместо она што сте го изгубиле. Не е важно што ви одзел животот, туку што правите со она што ви останало. Еве неколку потсетници кои би можеле да ви помогнат да се мотивирате кога навистина ќе ви биде потребно.

ФОТО: psychologies.co.uk

Болката е дел од процесот на раст

Понекогаш животот ви затвора врати едноставно затоа што е потребно да тргнете напред. Кога минувате низ тешки времиња, сетете се дека ниедна болка не доаѓа без своја цел.

Сите работи во животот имаат свој рок на траење

Секогаш кога врне – после одредено време дождот престанува. Секогаш кога нешто ве боли – вие се излекувате. После темнината – доаѓа светло. Секое утро ве потсетува на тоа, иако вие често заборавате на ова и мислите дека ноќта трае вечно. Не. Ништо на овој свет не трае вечно.

Маркетинг

Загриженоста нема да ви смени ништо

Оние кои најмногу се грижат, стануваат најмали. Секогаш е најдобро да се обидете да направите нешто големо, отколку да не се потрудите воопшто. Ништо не е завршено ако еднаш сте изгубиле. Завршено е ако постојано сте насочени кон грешките и поради тоа потонувате во грижи.

Вашите рани се симбол на вашата сила

Не срамете се од раните кои ви ги направил животот. Раните значат дека болката престанала и дека вие сте успеале да ги победите сите препреки. Не дозволувајте токму раните да ве држат како затвореници и да не ви дозволат да го живеете својот живот.

Маркетинг

Секоја борба е еден чекор понапред

Во животот многу е важно да го задржите својот позитивен став, додека тешко работите на тоа да ги остварите своите соништа. Ако се одлучите за нешто, бидете истрајни до крај и вложете ја сета своја енергија и сето свое време. Она што ви е потребно е одлучност и трпение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button