Реклама
Нега и здравје

Неколку здравствени проблеми кои можете да ги имате доколку ви потемнат брадавиците и половиот орган, а не сте во пубертет!

Реклама

Без разлика на расата, ткивото на кожата на брадавиците и половите органи и кај жените и кај мажите е за неколку нијанси потемно од остатокот од телото.

За тоа се заслужни хормоните кои поттикнуваат производство на меланин, амино киселина која е одговорна за бојата на вашата коса и тенот на кожата. До потемнување на кожата доаѓа додека сте во пубертет.

Маркетинг

Потемнување на брадавиците и ткивото на половиот орган е сосема нормално но само доколку сте во пубертет. Тоа е природна и посакувана работа во овој период од животот, но доколку тоа продолжи и по пубертетот или се појави кај возрасна личност, тогаш не е нормално и станува збор за симптом кој укажува на некоја болест. Дерматологот на Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија во Њујорк Линдзи Бордоне предупредува: „Вашата кожа може да потемни на одредени подрачја бидејќи шеќерот ви е висок премногу и развивате дијабетес.“

Маркетинг

Во детството бојата на кожата по целото тело е рамномерна. Како пример можете да ги земете децата кои се раѓаат со руса коса, а потоа им станува потемна. „Кога девојчињата се малечки нивните брадавици се со посветла боја. Дури подоцна тие стануваат потемни. Слична промена има и кај машките“, вели Бордоне за „Daly Mail“.

„Но, кога ќе влезат во пубертет, низ телата на девојчињата струи естроген, а кај момчињата тестостерон. Тие хормони влијаат на меланоцитите, ќелиите на кожата кои произведуваат меланин“, објаснува професорот по дерматологија Камерон Рокшар.

Хормоните можат да влијаат на потемнување на кожата и кај возрасни. На пример, потемна кожа на брадавици е еден од пораните симптоми на бременоста, а може да се појави и кога жена користи таблети за контрацепција. Тогаш и се зголемува нивото на естроген, што може да предизвика појава на потемни пигменти по целото тело и особено на лицето.

Во бременоста не е невообичаено да се појави темна линија во пределот на абдоменот. Понатака, надразнувањето на кожата исто така може да има за последица таа да потемни, бидејќи кожата, во самоодбрана, се стега и станува подебела.

Кај мажите, кожата околу и на половите органи може и кај возрасна личност дополнително да потемни, ако носат тесна долна облека, често ги бричат влакненцата или го изложуваат половиот орган на надразнувања како трлање. На пример, кај атлетичарите, кои, додека трчаат, често ја трлаат и надразнуваат кожата од половиот орган, па тоа е честа појава.

Но, покрај овие примери, секое друго потемнување на кожата е индикација за заболување, односно симптом кој предупредува дека нешто не е во ред со вашето здравје. Постојат состојби, „acanthosis nigricans“ кои водат до создавање на розови дамки на подрачјето на препоните.

Доколку забележите дека кожата во станува потемна, а не сте во пубертет, секако посетете го вашиот доктор. Темните флеки под пазувите и на вратот се сигурен знак за дијабетес, препорачуваат докторите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button