Реклама
Секс

Клиника за сексуална зависност

Реклама

За импотенција – тука е таблетата. Но што ако ветерот стално дува одоздола кон нагоре, кога вашиот најдобар и единствен вистински пријател почнува да рипа на сé живо и диво, мртво и нацртано? Време ви е за лечење!

Маркетинг

Во секој од нас се наоѓа мал сексуален зависник. Кај некои тоа излегува на виделина порано, кај други покасно. Екипата на лечени зависници (кои успешно, кои не..) на Штипка ви го дава своето визионерско гледиште за една модерна европеизирана клиника за одвикнување. Но да почнеме по ред….

Симптоми на зависноста

Постојаната утринска ерекција е стандарна појава кај сите нас, исто како и брзата дркица пред првото утринско мокрење. Е сега, ако веќе сте мочкале и во купатилото сте го осетиле мирисот на лакот за нокти од баба ви, па и на тоа сте направиле уште една партија, треба да се замислете. Ако пак на излегувањето од станот петлакот ви се измести во гаќите додека ја слушате тетката која што стенка од тежината на торбите со кои се враќа од пазар и се качува по степениците, или ви се дигне на другата тетка со мустаќи која сече замрзната кокошка, тоа е уште поопасен знак! Ако пак ви се исправува на големите очи на девојките од јапонските стрипови и анимирани филмови, ако ви се дрви во градскиот автобус од нишање при возењето, ако ве заскокотка имагинацијата на госпоѓата во гумени ракавици од рибарницата (а да не ја споменуваме аромата), ве зачешат ли мудата на вредната работничка во влакнести хулахопки која ги пере излозите на дуќаните, ако ве возбуди Благица Павлоска или Сузана Спасовска или пак едноставно кога влезете во продавница за бели пецива крофните ви личат на женски гради……Ако редовно ја будите партнерката во поза во која не може да ви го види лицето и после под тушот и побарате уште еден брз blowjob, па после кога одите на работа зјапате во секое здолниште и плавуша……Мислам дека добивте идеја за што ви зборам! Ако сте се нашле во некоја од овие ситуации, добро дојдовте во друштвото на сексуални зависници.

alt

Смештај и општ изглед на установата за лекување

Далеку од сé и очите на сите, негде на пола пат за Недојдија, после калдрмата, калливите патишта, мински полиња обраснати со шуми, таму каде ноќите се постојано ладни, деновите ветровити, каде сонце нема ни за лек и сé е влажно, полно со мутантски комарци и кралевски пицајзли, каде единствена соседна градба е зградата во распаѓање на некогашниот планински хотел на ЈНА, овде драги пациенти ќе се наоѓа нашата клиника за сексуални зависници!

Собите се всушност самици без прозор, креветите тврди и метални, со шипки од кои не можете да си ги испружите нозете, а во собата имате два сијамски мачори, шизофреничен канаринец, а за цимер по еден клинец, како оној малиот Кинез од Boogie Nights, кој постојано фрла петарди. Накурчен персонал кој не зел плата со месеци, ве буди секое утро со ладен туш и пеејќи новокомпонирани патриотски песни ви ја мери температурата (во чмарот секако). Единствен постер на ѕидот ви е од Аце Бејби од плоштад (со еректираниот меч, се разбира). 

Лечење и рехабилитација

Бркати и дебели сестри близнакињи, со попуштени вени и влакна по нозете се трудат денот комплетно да ви биде исполнет. Истиот почнува со филмови од Рамбо во турска синхронизација без титлови, следува слушална на неуспешни рапери (кои никогаш не влегле ни на бугарскиот Топ 100). Шест часови разговор со Германски психолог на германски, три часа разговор со Поп на кој сте му симпатични и гледање филмови за абортус на максимална јачина.

Во понеделник задолжително шестчасовно гледање на спотови од предизборна кампања од сите изминати дваесет години, така да алатот загарантирано ви омлитави до крајот на денот. Во случај пак да ви се дигне, гледате емисии за земјоделство, од фаза на р’тење на семето до готов и пакуван производ – без слика нормално.  

За викенд, за добро однесување ве пуштаат на двочасовна партија Дама во соседната колонија на лепрозни, или пак на партија Домино со пензионираните ветерани од Бурската војна. Секоја недела попладне за разонода имате награден квиз без награди – но со задачи – кои ако не ги испоните следат тешки физички казни.

Пред крајот на педесетдневниот третман се проверува психофизичката состојба на пациентот со тоа што го тестираат како ќе реагира на стриптиз шоуто на багеристката од соседната колонија. Ако го поминете и тој тест, засекогаш и трајно сте излечени!

alt

Несакани последици и нуспојави

После прележаниот третман кои што сликовито ви го опишавме, секој од вас ќе научи да го цени мензусот и зачестените главоболки и промени во расположение при PMS (Предменструален синдром) кај припадничките на понежниот пол. Како и предностите на долгите и мирни прошетки во природа, курсевите по Јога, како и приклучувањето во разни секти и религиозни култови. Исто така, овде се отвара и патот за алтернативната медицина која ќе ви го прочисти умот до ниво на индиски гуру!

P.S.  Ма какви проклети клиники човече?!?!? Ајде малку снижете ги критериумите па сите повеќе да дупиме! Сите „на лов“ овој викенд!

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Поврзано

Back to top button