Реклама
Хороскоп

Што ви предвидува кинескиот хороскоп за 2013 година?

Реклама

Годината на Змијата, која според кинескиот хороскоп започна на 10 февруари, 2013, а завршува на 30 јануари 2014, ќе влијае на отвореноста кај луѓето општо. Како што велат нивните астро прогнози, можеме да очекуваме возбудлива година!

kinhoroskop1

Маркетинг

Направете сé како подобро би се организирале уште на почетокот на годината. Одлагања, одолговлекувања и преиспитувања ќе го доведат во прашање сечие трпение и одлучност, а љубомората и неискреноста ќе му наштетат секому во годината на Змијата.

Голема лекција, која што сите ќе ја научат е таа дека треба да се има храброст за соочување со тешките емоционални вистини, а и понатаму да се остане доследен на она кое што ви го говори срцето.

Во година, во која конвенционалниот начин на постапување веќе не служи на општото добро, многу важно е да се задржи ’ладна глава‘. Фрустрациите може да доведат до постапки од кои покасно може да зажалите. Посебно важно е да се избегнат импулсивните романтични одлуки и да не се впуштате во сериозни врски со некој кој што воопшто не го познавате добро. Задржете ја смислата за хумор и не откажувајте се од соништата.

Маркетинг

kinhoroskop2

Во средината на јули сите ќе почувствуваат лесно покачување на енергијата и тоа ќе биде одлично време за собирање со пријателите и забава, како и заборавање на старите несогласувања. Очекувајте подобри денови во финансиска смисла, но и враќање на оптимизмот. 

Полната месечина на 18 октомври ќе им донесе среќа на хуманитарните знакови, на верното Куче, комплицираниот Тигар и авантуристичкиот Коњ. Тоа е идеално време за склопување на социјални контакти кои може да ви отворат многу врати и прилики. Поделете ги работите кои ве прават најсреќен со другите!

Како што годината ќе се ближи кон крајот, се повеќе луѓе ќе размислуваат на тоа како животот да си го направат поедноставен и функционален. Силното влијание на младата месечина на 3 ноември ќе избрише сé што е старо и ќе донесе нови прилики. Тоа посебно ќе се однесува на најосетливите и најсензуални знакови – добронамерната Свиња, уметничката душа на Козата и дипломатскиот Зајак.

Што се однесува до сите знакови, важно е да се прилагодат на новото време – тоа бара флексибилност и може да доведе во зголемување на надежта во подобра иднина. 

kinhoroskop3

А пред да продолжиме со секој знак поединечно, ви го даваме графиконот, преку кој многу лесно ќе можете да го пронајдете својот знак, според годината на раѓање:

Змија: 2013, 2001, 1989, 1977, 1965, 1953, 1941   

Змеј: 2012, 2000, 1988, 1976, 1964, 1952, 1940   

Зајак: 2011, 1999, 1987, 1975, 1963, 1951, 1939   

Тигар: 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938   

Бик: 2009, 1997, 1985, 1973, 1961, 1949, 1937   

Стаорец: 2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936   

Свиња: 2007, 1995, 1983, 1971, 1959, 1947, 1935   

Куче: 2006, 1994, 1982, 1970, 1958, 1946, 1934   

Петел: 2005, 1993, 1981, 1969, 1957, 1945, 1933   

Мајмун: 2004, 1992, 1980, 1968, 1956, 1944, 1932   

Коза: 2003, 1991, 1979, 1967, 1955, 1943, 1931   

Коњ: 2002, 1990, 1978, 1966, 1954, 1942, 1930  

· родените во јануари и февруари може да му припаѓаат на знакот од претходната година.

Стаорец

Во годината на Змијата, важно е да започнете да се движите што порано. Поставете си конкретни и практични цели за себе, своето семејство или блиската група во која се движите. Стаорецот кој што го организира животот како би постигнал специфични цели, се наоѓа на прав пат кон успех.

Не дозволувајте да се обесхрабрите ако работите се движат малку пополека…

Бик

kinhoroskop4

Ова е година на амбициозната Змија и тоа вам ви носи среќа. Таа е ваш пријател, ви нуди топло и смирувачко влијание. Ќе бидете далеку подруштвен и повеќе самоуверен отколку обично.

Освен тоа, годината на Змијата ја наградува амбицијата…

Тигар

За страствениот Тигар, годината на Змија може да биде доста немирна. Енергијата на Змијата може да ве направи несигурни и полни со сомнеж во врска со луѓето во кои немате доверба. Повремените тегобни мисли не смеат да обесхрабрат некого кој што е така великодушен и ентузијастички настроен како вас.

Недоразбирањата или емоционалните изливи доаѓаат тогаш кога најмалку ги очекувате…

Зајак

Оваа година на луѓето родени во годината на Зајак ќе им помогне да пронајдат среќа, храбро соочувајќи се со животот. Имате многу повеќе сила отколку што сте свесни.

Не потценувајте ја својата интуиција во врска со луѓето со кои сте опкружени…  

Змеј

Годината на амбициозната Змија му носи добри вести на Змејот. Успех ќе постигнете поставувајќи си конкретни цели на почетокот од годината.

Змијата ја поттикнува дипломатијата. Ова е година на влијателни пријателства и тајни договори…

kinhoroskop5

Змија

Ова е ваша година и вие ќе блеснете! Оваа енергија ќе го зголеми вашиот вроден шарм и прикриената самодоверба. Со леснотија ќе работите и ќе ги постигнувате амбициозните цели кои сте си ги поставиле.

Во годината на Змија, сите ваши карактеристики – и позитивни и негативни – ќе бидат поизразени…

Коњ
Годината на Змија ќе ги поттикне коњите да направат мал, но стабилен напредок кон постигнувањето на своите цели…

Нема да ве мачат незавршени проекти… 

Коза
И за Козите годината на Змијата ќе биде среќна! Тие уживаат во нежната енергија која нуди потпора и го зајакнува оптимизмот и самодовербата. 

Вие по природа сте полни со љубов и поради тоа сте срце и душа на своето семејство…

Мајмун

Ако се земе в предвид дека ова за вас може да биде немирна година, можеби ниту во еден момент нема да се чувствувате ’како дома‘, дури ни во сопствената кожа.

Наместо да се грижите до бесвест, бидете мудри и просто продолжете да го следите својот пат…

Петел

Оваа година среќата е на ваша страна. Петелот и Змијата се слагаат прекрасно и многу се компатибилни. Змијата носи одлични прилики за оние кои се тактични и амбициозни, како вас.

Очекувајте дека ќе се вработите. Пораки и мејлови ќе ’летаат‘ на сите страни… 

kinhoroskop6

Куче

Годината на Змија од Кучињата ќе бара јасно и трезвено размислување. Мора да знаете што сакате, за да истото го постигнете. Препредноста на Змијата ќе ја награди скриената самодоверба на Кучето.

Некои неизбежни ситуации ќе ве натераат на неочекувани избори…

Свиња

Оваа година ќе мора да бидете силни. Змиите и Свињите не се најдобри пријатели. Змијата со себе носи можност за сплетки и лаги во моментите кога тоа најмалку го очекувате, па затоа бидете во состојба на готовност и секогаш со отворени очи!

Ова не е време за важни одлуки, ниту за важни процеси! 

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button