Кинескиот хороскоп предвидува: Вака ќе изгледа вашиот љубовен живот во 2018-та година
Време е да погледнеме што ни предвидува кинескиот хороскоп за новата година која доаѓа.
Глушец: 1996, 1984, 1972, 1960
Многу брзо ќе влезете во врска. Вие сте таква личност која сака да биде во љубовна врска, но во минатото не ви успеваше да одржите долгорочни односи и да го задржите својот интерес. Но, во почетокот на новата година ќе сретнете личност која ќе ви одговара.
Вол: 1997, 1985, 1973, 1961
Ќе најдете некој кој многу ќе ви се допаѓа. Вие секогаш ја ставате гордоста пред сите други работи, но оваа личност ќе ви покаже дека треба повеќе да се збавувате и заедно да ги делтие успесите.
Тигар: 1998, 1986, 1974, 1962
Ќе се претворите во безнадежен романтичар. Тигарот бега од каква било романтика и чувства и сакаат да бидат сами, посветени на себе. Но, годината која доаѓа на повеќето Тигри ќе им ја донесе сродната душа. Нема да се препознаете самите себе!
Зајак: 1999, 1987, 1975, 1963
Ќе бидете сами, но тоа ќе ви одговара. Зајакот е еден од најсимпатичните хороскопски знак и буди интерес кај многу различни луѓе. Но, од витална важност е да се пронајдете себеси и конечно да сфатите каква личност ви одговара.
Змеј: 2000, 1988, 1976, 1964
Вие во врската сакате да бидете победник. Во новата година ќе потрошите повеќе време дружејќи се со погрешни луѓе. Вашата фрустрација ќе расте и вие ќе бидете уморни од сите. Но, тогаш ќе се појави некоја личност која ќе ви покаже зошто порано врската не ви функционирала со никого. Важно е да имате трпение.
Змија: 2001, 1989, 1977, 1965
Тврдите дека ги мразите љубовта и врските, но потајно тоа го сакате. Вие имате замисла дека немате длабоки чувства, па тоа го користите како одбранбен механизам, затоа што не сакате другите да ви се приближуваат. Но, во новага година ќе запознаете некој кој нема да се обидува да ве промени и тоа ќе биде личност која ќе ве види во вистинското светло.
Коњ: 2002, 1990, 1978, 1966
Во наредната година ќе сакате да направите еден нов чекор, но нема да сакате да вршите притисок врз вашиот партнер, ниту пак да го исплашите. Тој знае што сака, но го чека вистинското време. Бидете подготвени за промени во новата 2018-та година.
Коза: 2003, 1991, 1979, 1967
На вашата врска изгледа дека ѝ се ближи крајот. Тешко е да признаете кога нешто не е доволно добро, но токму тоа ќе се случи. Ниту еден од вас нема да сака да попушти, но понекогаш е потешко да ја задржувате некоја личност, отколку да ја пуштите да замине.
Мајмун: 2004, 1992, 1980, 1968
Во минатото имавте многу односи, но не бевте доволно подготвени за да се опуштите. Но, вие заслужувате да бидете среќни и токму тоа ќе се случи оваа година. После толку болка, која ви стана толку позната, ќе ви биде чудно да чувствувате среќа, затоа што заборавивте како всушност изгледа таа.
Петел: 2005, 1993, 1981, 1969
Ќе ја запознаете самотијата и истата ќе ја прифатите. Најлудиот период во вашиот живот ќе се одвива токму наредната година.
Куче: 2006, 1994, 1982, 1970
Ќе пронајдете некој кој е еднакво добар како и самите вие. Од сите знаци, Кучето е најверно. Тешко ви е да се опуштите, но наредната година ќе запознаете личност која ќе ве натера да верувате во самите себе и во своите способности.
Свиња: 2007, 1995, 1983, 1871
Старата љубов ќе ви се врати во животот. Некој кој секогаш бил во вашето срце, некој за кој често размислувате, ќе ви се приближи и ќе сфатите дека ништо помеѓу вас не е променето. Ќе сфатите дека изгубената љубов понекогаш се враќа, а овој пат нема да бидете повредени.