Таа е совршен доказ дека добриот стил не се купува со пари
Една од најубавите жени на светот која и во 50-тата година од животот вреска со сексапил очигледно е скарана со добриот стил. Таа и покрај тоа што е познатата актерка и сопруга на францускиот милијардер Франсоа –Анри Пино сопственикот на престижната компанија „Kering“ која под себе ги има познатите модни куќи како што се Gucci, Alexander McQueen, Balenciaga и Saint Laurent; и може да си ги дозволи најскапите парчиња, постојано прави грешки кога е нејзиниот изглед во прашање. За некои од нејзините најголеми промашувања веќе ви пишувавме (види тука), но таа и понатаму продолжува да не освојува со својот моден (не)вкус. Така беше и на нејзиното последно издание на премиерата на филмот во Мексико кога се појави во шарен цветен фустан и портокалови сатенски високи потпетици на платформа.
По неколкуте модни промашувања Селма конечно заблеска во фантастично издание >>
Овие бои сами по себе се премногу, но не и за Селма која дополнително ги зачини со цветови, тантела и пренагласена шминка.
Таа е преубава жена која едноставно не знае како да се облече >>
Па, што мислите за ова издание на Селма?