САКАТЕ НЕЖНО? ТОГАШ КАЖЕТЕ МУ ГО ТОА!
„Ах.. колку ми е убаво кога ме допираш така, само те молам прави го тоа колку можеш понежно!“ Со оваа реченица вие му давате инструкција како да го прави тоа, и притоа да не заборави дека тука нештата се „женски“ и со нив треба да се ракува колку што е можно понежно…
А ШТО ЧЕКА?
„Единствениот и најбрзиот начин да доживеам оргазам е кога ми го допираш клиторисот.“ Со ова вие всушност му кажавте „допирај ме таму или тоа нема да се случи“ што во превод би значело – „ајде по ѓаволите, напарви го тоа веќе еднаш“!
ДВЕ МУВИ СО ЕДЕН.. ОРГАЗАМ!
Почни да се допираш со едната рака и потоа, во еден момент, со другата рака фати ја неговата и спушти ја меѓу твоите веќе подраширени нозе. Две раце – двојно задоволство, особено сега, кога едната од нив совршени си ја знае работата. За тоа време другата рака (онаа неговата!) може само да учи како се прави тоа најдобро, така што вие со оваа постапка сте добиле двојна добивка.
БИДЕТЕ НЕМИЛОСРДНИ!
Кажете му го следново: „доколку твоите раце се најдат на моето маченце и доколку брзо доживеам оргазам, ќе го добиеш најдоброто пушење до сега“ и тој веднаш ќе ве однесе пред големата порта во форма на буквата О. Едноставно, зборот „пушење“ секогаш проаѓа кај овие „суштества“, а често и железни порти ооотвора! :)