Реклама
Секс

Како да препознаете фраер со „гирица“ во боксерките

Реклама

Сигурни сме дека многу од вас коишто задоволствата ги сакате во големо пакување, не ретко сте се изненадиле, и тоа не пријатно, кога откривте дека фраерот, на кој што потрошивте толку многу време и нерви, има мала рибица во гаќите што би можел буквално да се удави во вашето море. А брановите, тие се толку големи што…

Маркетинг

Но, за во иднина да не дојде до вакви незгодни ситуации, треба да внимавате на неколку работи и да се обидете да ги откриете преставниците на посилниот пол со мала „гирица“ во XXL боксерки на време. Еве ви неколку совети како да го направите тоа:

 Најпрво распрашајте се кај пријателките! 

Маркетинг

Па ние и не сме некоја голема држава, па така, доколку сакате, за секој можете да разберете по нешто од страна. Токму затоа употребете ја вашата моќ на озборување и обидете се да дознаете нешто повеќе за човекот со кого имате намера да го споделите вашето ново сексуално искуство. Сигурно ќе налетате на некоја пријателка што познава некоја друга, чијашто другарка познава трета пријателка, која што познава некоја што веќе има спиено со него, па прашајте ја дали тој навистина „рчи во креветот“ и дали „земјата се тресе“ кога го прави тоа или се сѐ случува под границите на нормалата.

 Запознајте се со фактите 

 

Според многу теоретичари чии истражувања можете да ги прочитате, тука и таму, по интернет, просечната должина за машкиот полов орган изнесува од 14 до 15 сантиметри. Па, ако можеме да им веруваме на овие стручњаци, сето она што е под таа граница, влегува во групата „гирици“, или нагалено „папалини“, „чокобанани“.. а вие овие денови некако сте расположени за крапче (или во најдобар случај – златна пастрмка!). Тоа значи дека најпрво треба да ги споредите фактите со реалната ситуација во која што се наоѓате – дали сте расположени за нешто што е просечно или пак, сакате да ги спознаете границите до кои што можете да одите. Изборот е ваш, но големината е негова!

 Гирица во боксерки, а его со вратоврска 

 

Оние што имаат мал пенис, многу често имаат големо его и тоа најмногу заради фактот дека се мало животинче во животинската градина каде царуваат вистински ѕверови. Токму затоа, овие луѓе често можете да ги сретнете на некои шефовски позиции, тие успеваат во нивната кариера, возат брзи и скапи автомобили (се надевам дека оба не се однесува и за нашиот шеф!) .. едноставно го прават сето она што би можело да ја надополни нивната не така висока (читај „подигната“!) положба во општеството.

 

Па доколку сте повеќе расположена за брзо и лудо возење до вашата станица наречена Оргазам, тогаш избегнувајте ги оние самоуверени типчиња што ве канат на едно кругче низ маало – впрочем се работи за една мала гирица!

 Виртуози во орален секс 

Ова е единствената позитивна страна кај овие претставници на посилниот пол. Па тие толку добро го прават тоа што вие веднаш станувате дел од општествениот заговор „големината не е важна“. И да, навистина, доколку овие фраери се решени да ја голтнат и последната капка задоволство од под вашиот папок, тогаш зошто да не им го пружите тоа задоволство. Дајте им го, нека се играат колку што сакаат, а потоа, доколку сте сѐ уште во потрага по нешто големо – па направете го и тоа, не двоумете се. Од многу глава не боли, можеби нешто друго.. А таквата болка не е болка, уживанција е!

 Не биди ко Бајага, прашај го 

Има две многу важни работи кои ги добивате доколку директно, без многу двоумење, го прашате фраерот што се случува во неговите панталони. Но имајте на ум дека тие во таквата ситуација можат многу често да се преценат, затоа најдете техника како да ја извлечете вистината од нив. (Пратете го говорот на неговото тело, изразот на неговото лице, говорот на неговите панталони и сл. работи.)

Сепак, најважното е во тоа што доколку го прашате фраерот, веднаш ќе му дадете до знаење дека сте расположена за нешто за што најверојатно е расположен и тој. Па доколку не е спремен да ја игра вашата валкана игра, т.е. мајката природа не го надарила да биде јавачот на вашата апокалипса наречена „секс за една вечер, тука и сега!“, тогаш навреме спасете се од непријатни ситуации во која што ќе треба да глумите нешто во стилот: „Ах колку си добар! Со никој не ми било волку убаво како што ми е со тебе. А готов си? Заврши? Супер! Кој, јас? Па јас свршив уште кога те видов!“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button