Диети

Како да ослабиме без да држиме диета

Реклама
Реклама

Постојат повеќе начини да јадете колку што сакате и притоа да ослабете.

Маркетинг

Можеби звучи неверојатно, но верувајте – вистинито е! Целата тајна е во изборот на намирниците со кои најчесто го полните вашиот фрижидер.

Повеќе вода, а помалку калории

Оние прехранбени продукти кои што содржат висок степен на вода имаат малку калории. Доколку ги јадете истите, вие ќе ослабете, бидејќи водата не здебелува – ова е многу важен совет кој постојано го повторуваат сите нутриционисти.

Маркетинг

Свежо цедени сокови

Природните сокови од овошје и зеленчук имаат висок степен на вода и мал број на калории, а вкусни се и што е најважно од се – најадуваат. Па така вие треба да се одвикнете од купување на сокови богати со адитиви и шеќери. Најдобро е да почнете самите да ги правите. Истите можете да ги пиете преку целиот ден.

Супи и чорби од зеленчук

Што поголемо количество на супи од зеленчук ќе завршат голема работа за вашата добра линија. Треба да внимавате да немаат многу тестенини, а доколку сакате да ги збогатете, тогаш слободно направете го тоа со пилешко!

Пола порција – зеленчук

Доколку сакате да ослабете вашиот оброк треба да се состои од следново: пола треба да е зеленчук, една четвртина ориз, тестенини или леб, а една четвртина месо или риба. Месото и оризот треба постепено да ги замените со зеленчук!

Калории

Пожелно е да го знаете бројот на калориите на продуктите што ги користите во количина од 100 грама. Па така краставицата има 10, супа од зеленчук 52, едно варено јајце 147, јагоди со шлаг 160, кроасаните 370, а кикириките дури 600 калории.

(Да, доколку сакате да ослабете веднаш отстранете го путерот од кикиритки од вашиот дом!)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button