Реклама
BEAUTYНега и здравје

Кајсија – овошје кое прави чуда за вашето здравје

Реклама

Кајсијата е овошје кое ќе ви помогне да се изборите со инфекциите, а исто така ги зајакнува забите и коските. Ако се јаде пред оброк, кајсијата добро влијае на варењето, а поради високото ниво на железо, се препорачува на личности кои страдаат од анемија.

Преполна е со хранливи влакна

Без разлика дали ја јадете сува или свежа, кајсијата е одличен извор на хранливи валкна кои ги разградуваат масните киселини и така се грижат за системот за варење.

Одлични се за срцето

Кога овошјето е полно со хранливи влакна, тоа помага при намалување на холестеролот, што значи дека го штити срцето. Калиумот кој го содржи ова овошје помага при работата на срцевите мускули. Сувите кајсии се богати со калиумкарбонат, потребен за луѓето кои патат од различни срцеви проблеми, посебно аритмија.

Маркетинг

Извор на калциум и железо

Сокот од кајсија е одличен извор на калциум и железо и тоа е причина зошто им се препорачува на бремени жени и на малите деца.

Ја чуваат кожата

комбинацијата на витамин Ц, А и фитонутриенти од кајсиите, гарантираат совршено здрава кожа. Антиоксидансите пак од ова овошје го забавуваат процесот на стареење.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button