Како би се оцениле себеси во кревет?
Како би се оцениле себеси во кревет?
А што мислите, дали партнерот ќе се согласи со тоа? Погледнете ги овие седум јасни знаци дека сте лоши во кревет, но партнерот не сака да ви го признае тоа.
1. Во добриот секс има и пот, но тоа никогаш не се случува помеѓу вас. 2. Кога се наоѓате во машко друштво, па започне разговор за секс и играчки, постојано во себе мислите како тоа никогаш не би му се допаднало на вашето момче. Но, верувајте, токму тоа би го обожавал! 3. Во креветот повеќе сакате да лежете, отколку неколку секунди да бидете одозгора и да вложите некој напор. 4. Во популарната „доги“ позата најомилен момент ви е кога ќе ја нурнете главата во перницата и ќе медитирате, чекајќи да заврши сексот. 5. Секогаш после сексот доаѓате до заклучок дека е крајно време да го исфарбате плафонот. 6. Избегнувате контакт со очите со вашиот партнер во текот на сексот. 7. Музика во текот на сексот не доаѓа предвид, а доколку сте во соба каде што е вклучен телевизорот, со задоволство би фрлиле некој поглед на него.
Ако се препознавте во повеќе од три работи и постојано го правите ова, тогаш со сигурност тврдиме дека сте пасивни во кревет.
Но, секогаш можете да го промените тоа!