Реклама
MAMAКафе муабет

Јака како карпа, но со срце од свила: И силната жена има право понекогаш да се скрши

Реклама

Силната жена не е само цврсто тело од челик. Во неа се крие скршено срце, солзи кои многупати минувале низ нејзините образи. Силната жена преживеала многу години носејќи го својот товар на плеќите, без никој да биде до неа, со неа, без некој кој би ѝ ги избришал солзите од нејзините образи.

ФОТО: wallscollection.com

Но, од ден на ден таа се’ повеќе учи да се издигне од сите проблеми и да продолжи понатаму, да носи тешкотии на своите плеќи, справувајќи се со своите грижи.

Таа не се плаши од солзите. Дозволува да ѝ паѓаат низ лицето, зашто знае дека тие се потсетник за тоа колку е јака и дека умее цврсто да чекори низ животните патеки.

Маркетинг

Силната жена не игра улога на жртва и не дозволува да ја обземе тагата. Таа секогаш наоѓа начин да преживее, но никогаш не глуми, туку секогаш дозволува до неа да допре вистинската ситуација. Знае дека понекогаш е во ред да побара помош и не се срами од тоа.

Силните жени умеат да живеат со своите рани и лузни, па и понатаму продолжуваат да веруваат во себе, веруваат дека се способни да се издигнат од пепелта и повторно да се родат. Без оглед на се’, силните жени се борци што знаат дека ќе го преживеат секој нареден ден!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button