Избегнува да ве бакне во текот на сексот? Еве што навистина значи тоа
Можете ли да замислите секс без бакнување во уста?
Можете ли да замислите секс без бакнување во уста? И што би преземале доколку забележите дека партнерот избегнува да ве бакне? Бакнувањето и сексот се најголеми показатели за интимноста и за многумина се неодоливи. Меѓутоа, некогаш се случува некои да сакаат секс со една личност, но не и бакнување. Сексологот Клинт Картер открива што точно значи тоа. „Ако е секс за една вечер или едноставно ваш прв секс, многу е веројатно мажот да избегнува и интимно поврзување за вас. Тоа е знак дека не сака вашиот однос да се развива во подлабок правец. Меѓутоа, ако веќе сте во сериозна врска, а забележувате дека партнерот избегнува бакнување, значењето најверојатно е многу безопасно. Запаметете дека машкиот мозок е создаден и функционира така што со проблемите и задачите се носи едни по едни, а тие не умеат да прават повеќе работи истовремено. Така, ако акцијата е во тек, најверојатно тој е насочен на тоа, а бакнежите не му се ниту толку важни. Затоа, ако вашето момче никако не ве бакнува, бакнете го вие него и потсетете го и на тој детаљ. Ако и понатаму не ги сфаќа вашите сигнали, тогаш зборувајте со него, но дури после сексуалниот чин.“