Тие воопшто не чувствуваат вина: Искрени исповеди на жени кои ги изневериле своите мажи
Изневерувањето сигурно е една од најчестите причини за распаѓањето на врските и браковите.
Изневерувањето сигурно е една од најчестите причини за распаѓањето на врските и браковите. Иако повеќето партнери не се спремни да му простат на својот животен сопатник, од друга страна има и такви кои воопшто не се каат поради тоа. Погледнете ги овие искрени исповеди на жените кои ги изневериле своите мажи.
„Не ми е жал затоа што не бев заљубена во личноста со која го изневерив маж ми. Спиев со маж кој го запознав на еден роденден во Мајами. Не го сметав тоа за важно, затоа што немаше емоции, туку само секс. Во брак сум четири години и навистина го сакам својот маж. Не планирам да му кажам затоа што не сакам да го уништам нашиот брак“, вели Ракел.
Од друга страна, 34-годишната Шерил вели:
„На 24 години се омажив за личност која не ја сакав, но бев под голем притисок. Моето семејство инсистираше да се омажам, за да не се фокусирам на кариерата, затоа што речиси сите мои пријателки веќе беа омажени. Нашиот брак од почетокот беше осуден на пропаст, а ние не правевме ништо. После три години на работното место запознав некој. Мојот сопруг дозна за тоа и тоа ни помогна да одлучиме да продолжиме понатаму и секој да продолжи по својот пат.“
Подарок кој им го зголемува либидото на жените: неверојатно, но докажано >>
За разлика од неа, Ерин смета дека изневерувањето само ја зближила со нејзиниот сопруг.
„Мојот сопруг и јас немавме спиено заедно две години. Сакав секс и затоа спиев со целосен странец. Тоа ми помогна да сфатам дека морам да направам нешто во врска со својот брак. Никогаш не го признав изневерувањето, но инсистирав да одиме на терапија за парови. После тоа почнавме да испробуваме нови работи во креветот и нашата врска се зајакна.“
Луцијана со друг маж посакала нешто повеќе од одмазда.
„Сѐ се враќа, сѐ се плаќа.“
„Дознав дека маж ми ме изневерува, па и јас го направив тоа. Сакав да го повредам исто како што и тој ме повреди мене. Кога нѐ фати, беше во шок. Кога го видов како плаче, се почувствував добро, затоа што му вратив за болката која ми ја нанесе. Сѐ заврши со развод.“
Деби мислела дека пропушта нешто.
„Кога вашиот маж е единствената личност со која сте спиеле, не знаете што пропуштате. Сексот со други мажи ми го збогати сексуалниот живот. Имав две афери во иста година. Првата се случи со тренерот од теретана и заврши со негова преселба. Другата ја започнав со колега од работа. Тоа заврши кога изгубив интерес. Не ми е жал, а мојот сопруг не знае ништо.“
Знаете ли во кои години најчесто изневеруваат жените, а во кои мажите? >>