Елегантните и женствени парчиња на Ирина Тошева се совршен избор за топлите летни денови
По ревијата во рамките на Модниот викенд Скопје, Ирина Тошева ја претстави својата пролетна колекција „Енхалон“и пред словенечката публика.
Модна недела Љубљана. Фото: Јуре Маковец
Имено, Тошева учествуваше на Модната недела во Љубљана и ја воодушеви публиката со своите моќни кроеви и дивото и моќно езерско синило кое едноставно блика од повеќето нејзини креации. Креациите се дел од нејзината последна колекција за пролет/лето 2015 „Енхалон“, збор што значи „јагула“, а воедно е и старото име на Струга, што само по себе асоцира на езеро. Во овој контекст, колекцијата на Ирина Тошева го отсликува духот на мирното синило на Охридското езеро, на момент разбранувано со бели тонови кои потсетуваат на белиот камен, но и на вродената моќ, која го скротува немирот и сексапилот на женската природа.
По ова следуваше и подготовката на лукбукот, односно снимањето кое се реализираше во хотелот Изгрев (Hotel Izgrev Spa & Aquapark)каде прекрасните парчиња добија своја автентична приказна поврзана со самото име на колекцијата. Ирина годинава исто така оствари и одлична соработка со македонските модни блогерки, кои направија совршени комбинации засновани на нејзините моќни креации.
Овде ви претставуваме дел од нив, кој ќе ви дојде како вистинско освежување во монотонијата на секојдневието.
Ангела од блогот „Angela Dissected“ …
Александра од Александрина Везилка …
Aзизе од Rosee96 ….
Ако подетално ги анализираме нејзините парчиња, ќе забележиме дека езерското синило, камените плажи, нежното ветре како и модно освестените девојки со исончан тен се основната линија која се проткајува во целата колекција за која самата дизајнерка вели:„ Насловот на колекцијата всушност значи „јагула“ и е старото име на градот Струга – моето омилено место за одмор, релаксација и задоволства, чувства кои сакам да ги пренесам со оваа колекција“ Станува збор за базични и носиви модели кои со своите смели високи шлицови, асиметрични преклопи и модерни кроеви внесуваат доза на гламур во секојдневните комбинации.
Емилија од Miss Urban Vibe …
Елегантни панталони со висок струк, тренди комбинезони, фустани со длабок шлиц, здолништа со молив крој, сакоа.. колекцијата изобилува со парчиња кои претставуваат одличен избор за елегантен и женствен изглед, но и за откривање на вашата дива и немирна страна оваа пролет. Единствено што треба да направите е да ги искомбинирате со вистинските модни додатоци и ќе добиете оригинален пролетен стајлинг.
Марија од Fabulous is Freedom …
Прачињата во оваа колекција за пролет/лето воглавно се изработени од едноставни и познати материјали како мек памук или сјаен сатен, украсени со разиграни минималистички принтови и интересни кроеви, а од боите преовладува езерската сина и белите тонови.
Илина од Ilina Designs …
Дани и Александра од Fashion DNA …
Aзизе од Rosee96
Дани и Александра од Fashion DNA …
Колекцијата е достапна за продажба во нејзиното ателје во Скопје, во Lotus Design Store во „Скопје сити мол“ и низ целиот свет на irinatosheva.com.