Реклама
Секс

Имај почит кон себе и не враќајте му се на оној кој веќе еднаш ве оставил

Реклама

Не враќајте и се на онаа личност која веќе еднаш се свртела и си заминала од вашиот живот, оставајќи ве сами и ранливи.

 

Не враќајте ѝ се на онаа личност која веќе еднаш се свртела и си заминала, оставајќи ве сами и ранливи. Не верувајте ѝ на личноста која никогаш не ги исполнувала своите ветувања. Вие заслужувате некој кој ниту во сон нема да помисли да ве остави, некој покрај кој ќе се чувствувате сигурни и заштитени од страдања и болка. Вие заслужувате некој кој никогаш не би сакал да ги види вашите солзи поради нешто што тој направил. Затоа, кога ќе ве моли да му се вратите и кога ќе ви зборува дека сѐ ќе биде поинаку, не верувајте во тоа. Тој веќе еднаш ви го покажал своето вистинско лице. Веќе ви покажал што чувствува кон вас, со самото тоа што се свртел и си заминал. Можеби сакате љубов, но запаметете дека личноста која еднаш ве оставила, најверојатно ќе го направи тоа повторно. Таа личност не е вистинската за вас. Можеби сте заљубени и тоа е сосема природно, но зар не сакат да почувствувате дека сте навистина сакани и ценети, токму онакви какви што сте? Во ваква љубовна врска, вие никогаш нема да бидете мирни и постојано ќе живеете прашувајќи се дали повторно ќе бидете оставени. Затоа, не враќајте се на старото. Заштитете го своето срце и кажете НЕ. Сетете се што веќе еднаш тој ви направил. Не враќајте се на таа лажна надеж, на солзите и на погрешните ветувања. Вие заслужувате нешто подобро. Можеби ви е тешко да го слушнете тоа, но после одредено време, ќе сфатите дека најдобрата работа која некогаш сте ја направиле, е тоа што сте рекле НЕ.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button